Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели вкупно 4,718 милиони евра на учесниците во Лигата на шампионите, а најмногу заработија екипите кои што играа на Ф4 турнирот во Келн.

Сосема очекувано, на првото место се наоѓа новиот европски првак, тимот на Барселона, каталонскиот гигант за остварените резултати во изминатата сезона доби вкупно 618.000 евра, што не е ниту 10% од буџетот, кој што го имаше на располагање во изминатата сезона.

Како што е познато, буџетот на Барселона за натпреварувачката сезона 2023/24 беше 7,5 милиони евра. После Барселона, на втората позиција се наоѓа европскиот вицепрвак Алборг. Данскиот шампион заработи 514.000 евра, додека Кил и Магдебург, кои исто така учествуваа на завршницата во Келн, заработија по 454.000, односно 389.000 евра.

По големата четворка, следуваат Веспрем, Келце, ПСЖ, Монпелје, Загреб…додека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, како и словенечкиот Целје, добија по скромни 140.000 евра, бидејќи не освоија ниту бод во европската елита.

Еурофарм Пелистер во текот на утрешниот ден ќе дознае дали повторно ќе учествува во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион се надева дека ќе биде еден од 7-те добитници на вајлд-карта за настап во најквалитетното европско натпреварување.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ