Колумна: Дебрчанецот Бујарчо – OhridNews

Мирен море…мирен. Шо скокаш одма. Провокација та провокација. Па шо ајк дојде Илијанчето на ден ко Битола славеше ослободување од фашистите. Па шо ак дојде да ги посетит паднатите бугарски фашисти. Опс. Грешка. Прво тие не беа војници, а најмалку фашисти. Туку администратори. Мене не ми е јасно од кога ние клетиве македончишта почнавме да ги не сакаме овие од администрација.

Шо по лошо прает тие од овие од нашава джавна администрација. И тогашните, па макар биле и Бугари, како сегашниве, по 10 во канцеларија, пауза за доручек трошат време ко за вечера за слава, на секоја пауза низ чаршија, врачање назад со врешчи компири, стракој празоња, еден за сите сите за еден картичките ги чукет на автомат за редовност….и з`ш сега да не ја сакаме бугарската администрација, а нашава да ја сакаме.

И друго нешто требит да се кажит. Требит да сме искрени. Мицале изјави дека вервит дека ова посета во Битола баш тој ден не е провокација з`ш Јотова дојде приватно во НСРСМ. И баша така беше. Не сум сигурен, ко Мицета, ама претпоставувам дека Јотка ојде во Цапари приватно да го посетит гробот на швалерот на баба ѝ кој бил зет за две сестри на Живков, а сна за брачед од кум на тетин на тетка ѝ.

Ојде жената, како секој шо ојт на гроб, го зачисти, кладе цвеќе, запали свеќа од име на баба ѝ која е сопруга на дедо ѝ, а овај е сна за брачед од нунко ѝ. И сега шо? Зборви за инет. Свашта. То ти е исто ко сега пример, викам пример, правнукот на Хитлер да појт на први септември да клајт букет во центарот на Вилун кај Варшава и Полјаците да речат дека е провокација за првите бомби во Полска. Ар ој истреби се. Пример види ситуација: ојме на ексурзија во Берлин, во групата да имат дебрчани од Ботун, Белчишта….. и германцине да речат овие дојдоа з`ш дебрчани го опраја Хитлера во Ботун на мостон. Ти се молам.

Да беше така немаше Немачка да го поканит Бујар Османи пред некое време во Берлин на самитот на земјите од Западен Балкан. Ам како. Немаше Германците да не поддржвет за влез во ЕУ. Германците го ценат Бујар, а ние ко шо сме нопаци само јајме трици: е види ојде овај за признавање на Македонија а е од ДУИ, апропо то на УЧК, те имат тупе… А од друга страна да беа нопаци можеа да речет дека Бујарчо е дебрчанец. Не така?

Абе дај занимавајте се со многу позначајни работи за просперитет на државава. З`ш да дозволиме да се шашардисвиме со небитни работи. Еве вчера на средбата на сите парламентарни лидери, Мицко ептем беше шашардисан и мислеше дека ова средба е за предвремени избори. За греаота. Ќе почнет да го викет “предвременион“. Ај во политиката и така и така. Нек го викет. Ама во онаа работа заебано е. Додуша чоекот побара средби за најџвење на решение за кризава.

Додуша и Таче некако ми беше несвој, нетука и шашардисан. Рече дека не е баш црно во државава и дека ни било арно ама во моментов не сме осеќале ами покасно ќе сме осетеле. Мада то ми е мене како денес да имам секс, а покасно да ми е убо. А? Тебе не ти личит така?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ