Колумна: Македонскиот фалус – OhridNews

Остај друго. Требит да се напрајт комисија шо ќе ги контролират пакетите на студентите шо им стигвет од дома. И да се применат членојте на новиот закон за субвенционирање на оброкот за студентите шо го предложија пратениците на НСРСМ. Убо си стојт таму. Чим им стигнит пакет со кркало све шо е појќе од една тегла ајвар се одземат.

Ако, според овај закон, им стигнат пржени лепчиња со јајца се одземат секое јајце кое е во жива состојба. Според член наесет од овој закон ако во пакетот се затекнат сарми, ама мрсни, се отворат сармата, се ваѓат месото, се враќат оризот и се оставет сармите растурени и сам студентот да ги завиткат. И да не редам сега ќе си прочиташ сам, но во преамбулата на овај ајштајноски предлог стојт дека одземемата храна се носит на отворен пазар на конкуренција и се продавата. Ко струјава.

Дел од собраните парични средства од одземената храна се придодавет како додаток за стрес шо го преживувет преатениците, предлагачи на овој закон, кој настанвит со мавање во дупките возејќи по новиот пат Охрид – Кичево. Со друг дел од собраните парични средства од студентите ќе се купвет црни кеси за поврашчајне на пратениците по кривините ко ќе одет на седница. Ова финансиска ињекција е потребна за пратениците з`ш шо се пола миљон денари за патарина на истите. То не е надомест. То е вагинален финансиски дим.

То НСРСМ. То Македонијо. Браво. Браво и за ослободувањето на Орцета Каменот. Шуќур шо го ослободија з`ш од ко влезе тој во прдалницата ојде јабана државата. Кој од кој закон во НСРСМ е поарен. Гарант следниот скриниг за влез во ЕУ ќе бидит препоептемнајпо позитивен во однос на справувавењето со корупцијата. Јас очеквам најскоро да се укинит корупцијата и во сферата на образованието која сега се учит и во детските градинки. Ам како.

Покрај шо му ги споија казните, две беа, според правниот систем на катакомба државата, туку Орлето го искористи и правото на викенд и годишен одмор од 20 дена. Денојве ќе му исплатат и регрес за годишен одмор. Абе искрено, рака на нога чоекот се изнамачи. Му пресметаја и куќен притвор кој посебно беше тежок за Орценце.

Искрено да ти кажам не знам дал некој мојт да издржит ко него 14 месеци во куќен притвор, период во кој , според член никој, став тој, даљинското од телевизорот му беше одземено и доделено на друг и му се пуштаа турски серии. Страшно. Исто така за тој период му беше укинат лимонот при јадење супа, мораше киселина да турат. Исто така сам мораше да сечит нокти. Искрено јас да бев ќе се напиев солна киселина. Абе тој ќе излезеше и порано ама немаше ситно да платит 5,2 милиони евра кои шо дури сега ги плати. А шо се 5,2 милиони евра. Вагинален финански дим. Ништо.

Ова се работи кој се напраени во државава кои требит та мене та тебе да не радвет и да не воздигвет. Ко фалус. Макеоднски. Зато јас ова недела си бев опуштен ко Таче на прес ко кажвит дека сваког дана у сваком погледу све више напредујемо кун ЕУ. Е едно нешто ме разочара. Пред некој ден се сретнав со Ислам Абази кој не само шо не се познават со Али Амети туку сите другари му се скарани до на факултет. Немат никој. Ај шо убо си поминавме туку акнавме и неколку селфија за спомен. Идам дома и си реков да ги акнам на ФБ да се пофалам, з`ш не оту некој ќе ми вервит дека само мене ме познават. Отворам слика ко глеам чоекот не постојт и на селфито. Празно. Дух. Сега ќе испаднит дека не сум бил со Абази. Ќе испаднит дека и со мене не се сретнал. Абе скраја да е ко да не постојт чоекот. Пту пту пту…..р`к…пту.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ