Кристопанс потсети на игрите од Вардар – со десетка го „почести“ Лајпциг (ВИДЕО)

Летонскиот џин Даинис Кристопанс уште на стартот покажа дека ќе биде големо засилување за бундеслигашот Мелсунген.

Десниот бек беше клучниот играч во составот на Парондо во тешкиот триумф над Лајпциг со 28-27 во Бундес лигата.

Тој постигна десет погодоци, и со играта потсети на времето кога настапуваше во двократниот европски првак Вардар.

Кристопанс по заминувањето од Скопје играше за Фуксе на кратко време и за францускиот ПСЖ, но таму не блескаше во сиот сјај.

Погледнете ги десетте погодоци на летонскиот интернационалец….



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...