Kултурно-историското богатство на Македонија на изложба во Охрид

Фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на Македонија од 5 до 7 јули ќе бидат изложени во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид.

Основната цел на проектот  е подобро запознавање и подигнување на јавната свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно-историските споменици, религиозните објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се вистински сензации на изложбите во најголемите европски и културни центри.

Со оваа изложба  се афирмираат неколку непобитни историски факти значајни за Република Македонија, дека Свети Климент на возвишението Плаошник над Охридското Езеро создал книжевна школа и универзитет со околу четири илјади посетители, дека македонските фрескосликари во црквата во селото Курбиново, на брегот на Преспанското Езеро и во манстирот „Св. Пантелејмон“ во близина на Скопје, создале дела со кои, всушност, ја навестиле ренесансата.

За она што е откриено и заштитено во Стоби може да се раскаже цела оригинална приказна за објектите, вредностите и начинот на живеење во овој некогаш многу значаен град покрај Вардар и во средиштето на Балканот, дека богатството на артефакти од Плаошник, Хераклеа и на уште голем број археолошки локалитети сведочат за густината на творечките вредности, култури и религии на оваа наша почва. Потоа, фреските, иконите, резбите и иконостасите од Бигорскиот манастир на прочуените протомајстори Макарие Фрчкоски, Димо Гарката, Дичо Зографот и плејадата нивни ученици и соработници во 19 век се сведоштва за нивниот раскошен, индивидуален авторски гениј. Изложбата е во реализација на „Медиа Броадкастинг“, a со подршка од Министерството за култура.


Post Views:
4

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ВМРО-ДПМНЕ И НАРОДОТ – ИСТА АГРЕГАТНА СОСТОЈБА

Ламбе Арнаудов  Ете, тоа е клучот на најголемата и сигурно...

Металург РА лесно се справи со Шампион

Тимот на Металург РА во натпревар од 11....

Вардарки без многу напор до убедлив триумф над Спартак

Во натпревар на кој беа постигнати 81 гол,...

Радовиш ја продолжува трката за суперлигашки бараж

Ракометарите на Радовиш на гостувањето кај Македонија ЃП...