Кумановци ја презедоа челната позиција во плеј-аутот

Ракометарите на Куманово со победата над Скопје од 32:25 во 10. коло од суперлигашкиот плеј-аут дојдоа до 26 бодови на свое конто и ја презедоа лидерската позиција на табелата.

Кумановци сега имаат 26 бодови, на второто место е тимот на Прилеп, кој пред стартот на 10. коло беше лидер со 24 бодови, на третата позиција се наоѓа Еурофарм Пелистер 2, младиот тим од Битола има 21 бод, а во игра за опстанок во елитата се уште екипите на Вардар Неготино и Мулти Есенс, кои имаат 18, односно 17 бодови.

Составот на Куманово на денешниот дуел во Скопје кај истоимената екипа не сакаше премногу да форсира, бидејќи во следното коло го очекува пресметка со незгодниот Голден Арт. Избраниците на Оливер Димитриоски парираа колку што можеа во првиот дел, но во второто полувреме разликата во квалитет веќе беше видлива.

Голем хендикеп за домаќините беше отсуството на најдобриот стрелец, левиот бек Давор Шокоски. Куманово победата ја запиша во првиот дел, на пауза имаше 16:11 и без многу проблеми ги одработи вторите 30 минути.

Предводници во победата на Куманово беа Наум Костов со седум, Милош Благојевиќ со шест и Огњен Радојичиќ со пет погодоци.

Во поразениот табор најефиксни со по седум погодоции беа Бојан Чакалиќ и Дамјан Јакимовски.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Лисичков и Зајков искомбинираа 18 гола, Астраион падна во Гевгелија

Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет...

ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби...

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...