Квинтет засилувања за Металург Автокоманда – потпишаа Гугуљанова, Калајџиевска…

Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, полека го комплетира играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.

Тимот предводен од Јулијана Дамчевска и Крсто Петрушевски, промовираше уште пет нови засилувања, од кои три четири доаѓаат од Металург.

Станува збор за репрезентативката Марија Гугуљанова, која игра на десната крилна позиција, потоа левиот бек Јана Калајџиевска, голманката Анастасија Тодоров, како и кружните напаѓачи Мила Алексоска и Габриела Костадиновска.

Претходно Металург Автокоманда ги донесе Амра Терзиќ, Сара Миновска, Мила Трајковиќ, Марија Петреска, како и триото кадетски репрезентативки Михаела Кралева, Миа Маринчов и Таида Беровиќ.

Допрва треба да биде потврден бројот на екипите што ќе играат во Женската лига и системот на натпреварување за претстојната сезона.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Никогаш не ги отпишувајте Македонците – најдобри се кога е најтешко!

Mашката репрезентација на Македонија славеше со 34-26 на реваншот...

🎥 Почувстувајте ја победничката атмосфера за миг – еве како се славеше на терен!

Македонија ги победи Фарски Острови со 34-26 и ќе...

Кузмановски: Одигравме максимално, а публиката беше нашиот осми играч

Mашката репрезентација на Македонија славеше со 34-26 на...

„Селекторот силно веруваше во нас – тоа се преслика на теренот“

Десниот бек Мартин Серафимов имаше голема улога во...