Експериментална смрт. Или европска смрт на Македонците (2)

Во овој втор дел од колумната, драг читателу, продолжуваме со Шпенглер во неговата анализа што се однесува на Стариот Египет и Античка Грција како префалена јагода. Староегипетската цивилизација за него е од еден блескав пример на неколкумилениумското спокојно духовно растење во концентрични кругови, а потоа гаснење откако биле исцрпени сите нејзини потенцијали што ја обликувале неа. Катастрофичната теорија, пак, за разлика од еволуционистичката на Шпенглер својата (хипо)теза за гаснењето на некои цивилизации ја темели, разбирливо, на катастрофи. Тоа се природни (земјотреси, поплави, торнада итн.) и човечки катастрофи, војни, а некогаш се комбинирани и двете тие варијанти. Изгледа дека е неминовен историски закон империите прстенесно да произлегуваат една од друга и да гаснат како догорени свеќи една по друга. Една империја ја сменува, кога гасне друга, а пот неа трета и така сè до крајот или свршетокот на светот. Може тука во тој контекст, драг читателу, да го толкуваме и она на Христос на крстот на Голгота „Свршено е“, со кое всушност е најавен крајот на дотрајаниот свет изеден од молците на ентропијата, па ќе треба да се обнови со создавањето Ново небо и Нова земја од страна на Отецот создател. Изгледа како метафизика, но постојат знаци дека тоа е сепак сурова историска реалност, макар истата таа прикажана и на симболички, архетипален начин како што е тоа не кај барокно шифрираниот Нострадамус, туку во брилијантната кристално симболичка егзегеза на старозаветниот пророк Даниел на сонот на вавилонскиот цар Набукодоносор. Во него преку симболичната фигура на огромниот кип чии делови, почнувајќи од златната глава надолу до стапалата составени од различни метали, метал по метал, дел по дел од вавилонското варство натаму циклично се претставени падот и гаснењето на империите што следуваат, сè до римската претставена во железо што гази и дроби сè, а потоа како последна во таа визија што ја толкува пророкот е и последната по Рим империја претставена преку стапалата на кипот, кои се комбинација од железо и глина, кал. Што значи ем цврста и жестока како Рим ем ранлива и трошна како глина. Некои толкувачи на неверојатно симболичкиот сон на Набукодоносор по пророкот Даниел, земајќи ја предвид и неговата блиска до архетипалната анализа на Јунг велат дека тука станува збор за западната англосаксонска цивилизација, која владее со светот денес и која исто така неминовно ќе се распадне, факт што го сугерира глината измешана со железото.

А можеби тоа и не би било лошо за човештвото, драг читателу, оти тоа не се офајди многу од неа. Да. Оти самата таа во својот колонијалистички авантуризам во потрага по разноразни садовозбудувања и пљачкање на материјални богатства исцица многу сиромашни народи, а патем во тоа пљачкосување уништи блицкриг и цели цивилизации како што се тоа Маите, Инките, Ацтеките и Толтеците во Јужна Америка. А тука е и истребувањето на Индијанците во Америка со комбиниран метод на убивање, директно со пушки, и хуманитарно со ќебиња (да се топлат) полни со вариола вера, тифус и други бактерии. Така стапи на планетарна сцена хуманитарниот хуманизам на западната ариевска цивилизација, кој и нам Македонците ни е добро познат.
За сите тие погроми на оваа денешна цивилизација што самата себеси се претставува за најпрогресивна, најкултурна и најдемократска пишува без пардон во веќе споменатата сјајна книга и Л.В. Тома, кого по оној нацифашистички предлог за бугаризација што ни го стокми, треба да му го испорачаме како драгоцена лектира на Макрон, веќе апсолутно сомнителниот француски демократ. А таман мислевме дека Франција сè уште, колку-толку, може да биде локомотива на европската демократија. Таа на која ѝ дадоа сепак златен царски печат Француската револуција и нејзината сјајна интелектуална елита на чело со Волтер, Русо, Декарт. Даламбер и другите енциклопедисти што го донесоа просветителството како ластовица на вистинска демократска пролет и на Европа. Иако сето тоа, драг читателу, за жал, не траеше многу долго. Рене Декарт ја постави максимата „Мислам, значи постојам“, како теме на француското и европското рационалистичко битие. Мислата, мислењето што требаше да го збогати и повеќе хуманизира него, иако сè отиде по ѓаволите. Наместо мисловен, поливалентен, лакомиот за материјално изобилство Запад создаде на крајот, како што вели Маркузе, само „еднодимензионален човек“, човек на материјалниот консумеризам, кој мисли со стомакот, а не со главата и срцето што е целосно отсутно и заборавено како и душата.

Така. И сè ова напред, драг читателу, за кое, еве гледам, ми забележуваш дека е предолга дигресија и застранување од темата поставена во насловот на оваа колумна, не е точно. Напротив сè се вклопува идеално, иако би сакал да не биде така во сликата на македонската трагедија. Би рекол и во ништењето на нашата меморија на сликата во македонската цивилизација од нејзината генеза за која сведочи Библијата на самиот нејзин почеток, па до ден-денешен, во Преспа 2018. Во неа венчалните македонски ружи наместо пред олтар и на свадба беа однесени во мртовечница и на закоп. Во мртовечницата на оваа до болка сурова цивилизација.
Да. Не е претерување. Не зборуваме за швајцарското или скандинавското, на пример, туку за нашето искуство во неа, драг читателу. И, нека прости, нека не се лути ако и е повреден нејзиниот ариевски нарцизам, оти ние неа секогаш ќе ја анализираме и промислуваме мисловно и емотивно од аспект на нашето искуство со неа. Оти не сме ни глупи, ни неинтелигентни како што мисли таа, извлекувајќи го тој заклучок од нашите домашни квислинзи и ништодуши, од разноразните Заеви, Димитрови, Ковачевци, Пендаровци и сличните на нив.
И што е важно тука да се каже како шокантен цивилизациски факт, драг читателу. Тоа дека Европа, сега со седиште во Брисел, изграден и со крвавите конгоански дијаманти, по толкуте претходни колонијалистички авантури и погроми низ светот далеку од неа, сега без срам и перде, целосно заробена од својот деструктивен нарцизам, посегна кон геноцид и на своја почва кон еден цел древен народ. Македонскиот. Се разбира, пак, станува сега збор за идентитетски геноцид, оценувајќи дека сме недоветни и не знаеме што е тоа, имајќи го предвид и лижавчето со кое нѐ залажува, влез во ЕУ кое за нас стана Голгота. На секој чекор кон ЕУ само ни го исправаат крстот за распетие. Ништо друго. Тие навистина мислеа дека идентитетското откорнување од коренот за нас не е болно и смртоносно, ама и ние како и Л.В. Тома и другите антрополози знаевме дека тоа е најстрашната смрт што може да ѝ се случи не само на индивидуата, туку и на народот на кој му припаѓа таа. Во случајот македонскиот.

И беше изведен идентитетскиот погреб на Македонците во Преспа 2018 како еден вид обреден празник на цивилизацијата од Запад. И тој погребен обред, драг читателу, составен од темни накази, кои може да ги наслика само Гоја беше, парадоксално, пострашен и од смртта со која нè погребуваа. За таквата темна обредна свеченост нешто говори и прекрасно умниот сонародник на Макрон, Монтењ, од кого тој ама баш ништо не научил. Монтењ вели: „Јас навистина верувам дека ужасната опрема со која се опкружува смртта предизвикува повеќе страв отколку самата таа.“ Да. И навистина целото церемонијално цивилизациско опкружување околу нас додека идентитетски нè погребуваа во Преспа, драг читателу, беше ужасно. Некој рече дека Грците како сарказам ги биеле и нивните камбани со бавен мртовечки ѕвон, оти малку им беа Черчиловите бомбардери со напалм-бомби што ги чистеа Македонците од родните огништа за да јадат сега од нивните ниви крвав леб.
Приказната за македонската гибел во поновата историја, особено во Букурешт 1913 наваму, е крајно драматична и тажна и не можат да ја раскажат триста Шехерезади. А како ја доживеавме и видовме неа јас и ти, драг читателу? Ја доживеавме и видовме не само како наш туку и како цивилизациски ужас и агонија. Ја видовме и доживеавме не само како наша смрт туку и како смрт на аморалната и сурова цивилизација, наследничка на римската, која го распна со клинците на римските војници (Евреите ескивираа) и Спасителот на Голгота. Тоа е вистината, колку и да не им се допаѓа на „демократите“ и „хуманистите“ во Брисел.
Ти посакувам сè најубаво до следната колумна, драг читателу. Уживај во слобода, а таа е, како што вели Сартр во изборот, иако не сум баш сигурен дека тој ќе се согласи како ние Македонците со алтернативниот избор на Чехов во неговиот расказ за прекрасниот ден во кој човек не знае дали е поубаво да пие чај, или да се самоубие.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Propovijed demokršćanskim političarima: Za vas je rezerviran poseban krug pakla

DRAGI moji demokršćanski političari, vjerujem...

Vučić je pokušao prevariti Zapad. Slijedi neugodan odgovor

U MEĐUNARODNIM odnosima postoji jedno...

Vučić je pokušao prevariti Zapad. Slijedi retorzija

U MEĐUNARODNIM odnosima postoji jedno...

Odlazak Raspudića nije slučajan. Most se odlučio za zaokret

POSLJEDNJIH dana turbulentnog političkog života...