Лембанов прозиваше, Пролет „запали“ мотори (ФОТО)

Екипата на Пролет со денешниот тренинг го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која тимот влегува со амбиции за влез во плеј-офот и бркање место кое води во Европа.

На првата прозивка на тренерот Алексо Лембанов присуствуваа сите ракометари, вклучувајќи ги и новите засилувања на тимот, Филип Арсеновски и Антонио Николовски.

Двајцата ќе бидат значително освежување за пивотменската позиција, како и за играта во одбрана на тимот на Пролет.

Предвидено е тимот да тренира по два пати дневно, потврдено е учеството на Пролет на турнирот во Прилеп, а наскоро ќе бидат договорени и преостанатите пријателски натпревари во овој подготвителен период.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...