Лига на Европа: Хановер на чекор до групите, Тримо Требње и Гранољерс со „плус два“ ги чекаат реваншите

Откако Рајн Некар Левен практично ја заврши работата околу пласманот во Лигата на Европа уште на првиот меч против Вардар во Скопје, по слично сценарио оди и вториот германски тим во квалификациите.

Хановер славеше на гостински терен кај незгодниот шведски тим Иштад со пет гола и реваншот би требало да биде само формалност. Tриото Учинс, Стенахаусер и Кулеш постигна 24 гола заедно и беше нерешлива загатка за домаќините.

Со плус два на реваншот во Португалија ќе оди словенечкиот Тримо Требње, кој славеше дома против Брага.

Вториот португалски тим Агуаш Санташ го победи швајцарскиот Фади Винтертур исто така со два гола, но ќе има тешка задача да ја одбрани на гостувањето.

Шпанскиот Гранољерс, финалист на последниот Ф4 во Лигата на Европа, оваа сезона стартува од квалификациите и на првиот меч победи на гости кај романската Констанца, со 29-27.

Лига на Европа, квалификациско коло, резултати: 

Вардар – Рајн Некар 25-34
Констанца – Гранољерс 27-29
Иштад – Хановер 28-33
Тримо Требње – Брага 31-29
Агуаш Санташ – Винтертур 24-22

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...