Магнетна резонанца на простата


Кај возрасен маж, простатата е голема како орев или костен. Таа е сместена под мочниот меур, на основата на машкиот половен орган и непосредно пред аналниот отвор. Низ средина на простатата поминува мочниот канал кој ја празни мочката од мочниот меур, на патот кон врвот на пенисот.

Простатата лачи сок кој е составен дел на спермата при ејакулацијата.

Најчесто бенигно заболување на простата е бенигна простатична хиперплазија (БПХ). Преваленцата на БПХ прогресивно расте од четвртата деценија со преваленца од 8%, до дури 82% во осмата деценија на животот.

Во Евро­па и кај нас има дра­стич­но зго­ле­му­вање на бројот на бол­ни­те и со кар­ци­ном на про­ста­та. Во Ма­ке­до­ни­ја ра­кот на про­ста­та е трет на ли­ста­та на кар­ци­но­ми кај ма­жи­те, а ре­дов­ни­те прег­ле­ди зна­чат и нивно рано откривање и из­ле­ку­ва­ње.

Испитувања кои треба да се направат се: анамнеза, физикален преглед на абдоменот, дигиторектален преглед на простата, ехотомографијa на УГТ, транс-ректален ултразвучен преглед (ТРУС) на мочен меур и простата. Потоа преглед на урина, уринокултура, спермокултура, секрет на простата, крв, тотален ПСА, слободен ПСА, КТ урографија и како најнов и најсофистициран преглед – МРИ на простата.

Магнетна резонанца (МР) на простата е неинвазивно амбулантско испитување со помош на магнетни полиња, радиобранови и компјутерско-софтверски апликации за продукција на слики од простатата со изразено висок квалитет. Тоа испитување е безопасно, а дава најдобра визуелизација на простатата, најрано го открива карциномот на простата идоколку се открие овозможува и ТНМ стејџинг, односно раширеност на карциномот и евентуално зафаќање на соседните анатомски структури.

Единствено треба да се внимава ако пациентот има вградено некои медицински помошни апарати како пејсмејкер, срцев дефибрилатор, потоа некои ортопедски метални импланти и сл. Пред преглед на МР на простата нема потреба од никаква претходна подготовка на пациентот. Пациентот си ја зема редовната терапија ако ја има, а доколку пациентот има клаустрофобија треба да се сигнализира на докторот за да се интервенира со некој седатив или по желба на пациентот и со анестезија за време на прегледот.

Д-р Ѕвонко Атанасов
Специјалист по радиодијагностика

* Текстот е објавен во соработка со Zan Mitrev Clinic

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се ребрендираше Универзитетот Скопје – METRO.mk

Светски признанија, домашни награди, стипендии, магазин за успешните луѓе...

Пелистерци тренираа пред Кил, се посакува изненадување против „зебрите“ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија официјалниот...

Билик: Не сакаме да бидеме тимот што ќе се „сопне“ во Битола

Ракометарите на Кил утре против Еурофарм Пелистер...

Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен меч

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тајгрес соопшти денеска дека клупскиот претседател...