Нови цени на тест за ковид-19 во Клиника „Жан Митрев“

Нови цени на тест за ковид-19 во Клиника „Жан Митрев“

Сведоци сме на континуираниот пораст на бројот на лица позитивни на COVID-19, а со самото тоа и зголемена потреба од навремено и точно дијагностицирање на присуство на вирусот. Со цел полесно справување со пандемијата и зачувување на здравјето на населението, генетската лабораторија при Клиничката болница „Жан Митрев“ овозможува специјални поволности на PCR тестирањата.

Капацитетите се неколкукратно зголемени и на располагање Ви стои тимот кој е единствениот во државата што го декодираше геномот на коронавирусот SARS-CoV-2 и има најдобро познавање на неговата геномска структура.

Во зависност од Вашите потреби достапни се неколку различни опции:

За компании:
1. Индивидуални тестови
* Над 50 лица – 40% отстапка или 2450 ден/човек
* 20-50 лица – 30% отстапка или 2750ден/човек
* до 20 лица – 25% отстапка или 3000 ден/човек
2. Пулинг т.е тестирање на група: 1500ден/лице + доплата 2450 ден во случај на позитивни резултати

За семејства:
од 2 до 10 члена – 25% отстапка или 3000 ден/лице.

Тестирањето се врши со земање на примерок брис од нос и грло кои се обработуваат со помош на PCR метода. Резултатите се готови најдоцна 24 часа по земање на примерокот. Во цената е вклучен и превод на еден од светските јазици, така што тестот може да се користи за патување.

Постои и опција за теренско земање на материјал.

 

*Текстот е објавен во соработка со Zan Mitrev Clinic

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ