Македонскиот Супер Куп ќе се игра на 6 септември – во Радовиш!

Нов дуел од македонското ракометно вечно дерби Вардар – Еурофарм Пелистер треба да има на 6 септември, и тоа како дел од Супер Купот. Као што дознава 24ракомет, двете екипи се согласиле да го одиграат „ревијалниот“ меч пред почетокот на сезоната. Битолчани се актуелни освојувачи на Супер купот, и шампиони на Македонија. Вардар го свои Купот и си закажаа меѓусебен дуел.

Местото на одигрување на супер купот се уште не е потврдено, но од РФМ сакаат тој меч да се игра во Радовиш. Салата „25 мај“ во Радовиш не е во некоја „добра форма“, па прашање е дали тоа би им одговарало на играчите со оглед на тоа што нема многу места на трибините, а подот датира од пред неколку децении. Секако неутрален терен е нешто што би требало најмногу да одговара.

Вардар и Еурофарм Пелистер во септември треба да го играат и нивниот меѓусебен дуел од групата во Супер лигата. Тој меч првично беше закажан за 8 или 9 септември, но клубовите го одложија за една недела и би требало да играат на 16 септември во Скопје.

Пред да го играат мечот од Супер купот, екипата на Вардар ќе одигра и два натпрревари против Рајн Некар од квалифкациите за Лига Европа. Еурофарм Пелистер пак ќе настапи на „Турнирот на пријателство“ во Истанбул. Тое турнир со учесници од СЕХА лигата, а во полуфиналето битолчани ќе се сретнат со Веспрем.

Еурофарм Пелистер на 13 септември е домаќин на норвешки Колштад во 1 коло од ЕХФ лигата на шампионите, и три дена подцна во Скопје почнува со натпревари од домашното првенство.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ