Последниот натпревар од групната фаза на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ за Бутел значеше нов пораз откако по Еурофарм Пелистер беше совладан и од екипата на Татран од Прешов со 32-25 (16-16). Натпреварот го одлучи финишот на првиот и средната на вториот дел. Кружниот напаѓач на Бутел, Владимир Јевтиќ, за 24Ракомет ТВ даде своја анализа за поразот од словачкиот вицепрвак и ги истакна своите очекувања за претстојната сезона, во која неговиот тим ќе атакува на подобар пласман од лани. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….