Ракометарите на Татран Прешов се израдуваа на првата победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“. Словачкиот вицепрвак триумфираше против Бутел Скопје со 32:25, но мораше да нагази во вториот дел за да дојде до посакуваната победа. Еден од најдобрите поединци во составот на Татран Прешов, Марко Давидовиќ, за 24Ракомет ТВ истакна дека клучот за победата била поголемата ротација на неговиот тим во однос на Бутел Скопје. Искусниот ракометар зборуваше и за амбициите на Татран Прешов во домашниот шампионат. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…