Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во главната рунда на СП за кадети.
Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат натпреварот меѓу Фарски Острови и Саудиска Арабија кој се игра во Опатија од 17:00 часот.
Доколку слават, Фарски Острови ќе испишат историја и ќе обезбедат место во четвртфиналето односно ТОП 8 на СП.
Нашите судии претходно судеа уште два меча од прелиминарната рунда и еден натпревар од Президент Купот.