Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Митрополитот Наум отвори прашање, ама го бара ли одговорот? | KOLUMNI.mk

Митрополитот Наум отвори прашање, ама го бара ли одговорот?

Полека завршува и овогодишниот најголем православен празник – Велигден. Многу верници се слеаја во црквите за да се помолат за здравје и да го одбележат Исусовото Воскресение.  

Сепак, од Велигден до Велигден на македонските владици како да им стана пракса да ги критикуваат верниците зошто не оделе многу на црковните богослужби. Пред некоја година архиепископот г.г. Стефан ги искара верниците зошто во деновите на црковните празници заминуваат на најразлични места заборавајќи дека празникот е за празнување со богослужби. Вчера, пак, струмичкиот митрополит Наум и конкретно пресмета колку од граѓаните кои се декларираат како верници редовно одат на богослужби.

Имаме 99,5 проценти крстени номинални христијани кои не ни одат во Црква, напиша овој владика во својата поствелигденска колумна насловена како „ Што има ново со нашата Црква?“.

Очигледно владиците забележуваат дека црквите се попразни отколку што тие очекуваат. Дали е баш тој процентот кој го кажа митрополитот Наум треба дополнително да се разјасни. Но, има две прашања кое владиката како загрижен за ситуацијата треба брзо да го одговори:

  1. Зошто нема повеќе верници во црквите?

2. Дали самиот владиката Наум направил се што можел (и што требало да направи) за да нема толку многу „номинални христијани кои не одат во Црква“?

Да, повремените анкети покажуваат дека голем дел од македонските граѓани се декларираат како верници-христијани, но и во храмовите одат само на големи празници. Но, тие се само неколку во текот на годината – Божик, Велигден, Голема Богородица, Свети Никола, Свети Климент Охридски…

Социолозите ваквата појава ја нарекуваат како синдром на „традиционални верници“ кои се такви првенствено по раѓање, но не и по целосна убеденост и прифаќање на христијанското учење.Но, проблемот е и во тоа што и како прават македонските владици  да се смени една таква состојба и луѓето да ги има на црковните богослужби во што поголем број? Дали владиката Наум, но и архиепископот и другите владици го даваат доволно вистинскиот пример како треба – се испуштаат ли некои важни работи?

Ова вчера граѓаните и го посочија по колумната на митрополитот Наум:

-Е, па, разлислите зошто не одат во црква!!?, беше една од бројните коментари на граѓани оставени под колумната на владиката Наум на Фејсбук-страницата на „Скопско ехо“.

Други ги прекорија владиците зошто Соборен храм во Скопје бил затворен во еден дел од денот дури и на Велигден. Им пречи и политизацијата на Црквата.

Господине владика како да ви веруваме кога вие политизирате се па и самата црква е политизирана…, порача еден читател.

Да, има во Македонија свештеници и монаси кои се препознаени од верниците дека се вистински црковни лидери. Ама се чини треба да ги има многу повеќе и да се присутни меѓу луѓето. 

Да, факт е дека луѓето се оддалечуваат од Црквата и поради силниот бран на либерализмот кој ги става по страна традиционалните вредности на македонското општество и на Црквата. Ама и факт е дека владиците на тоа млако даваат отпор-одговор, а често може да се видат во друштво токму со политичките промотори на таквиот либерализам.

Тоа можеби им пречи на граѓаните? Можеби им пречат и лутањата што се направија последните години во Синодот при потрагата по Мајка-црква за добивање на автокефалност, можеби им пречат и започнатите и недоизградени цркви а се ушествува во други градби, можеби граѓаните сакаат понагласено да го слушнат-видат она што македонската православна црква била низ историјата – еден од столбовите на македонштината, можеби… 

Сигурно има и многу други потенцијални причини за состојбата која ја апострофира митрополитот Наум. Тој и неговите колеги од Синодот се на потег. Нивниот соодветен одговор на дилемите, а потоа и соодветното реаѓирање – сигурно ќе донесе резултати веќе до следниот Велигден. Ќе го направат ли тоа?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Njonjo, opasniji su oni koji brane kršćanstvo, nego mi koji ga “napadamo”

UZVRPOLJIO se naš predsjednik Sabora...

Пишува м-р Јанко Билбилоски: Професионалната ориентација и изборот на идна професија во современите услови на живеење

Професионалната ориентација претставува комплексен и долгорочен процес кој има...

Први мај – синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен дух – Denesen.mk

Д-р Мимоза РАЈЛ Синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен...

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...