Мутирана колумна за секс и политика

…совршената бесмисленост… Илинден на Кале… гротескно трагична слика за духовно поробен менталитет наспроти моќта на господарот… а жешко е, не се поднесува, вакви горештини не се паметат сеедно што ги имаше и лани… ама па што му стана на времево, дали е ова нормално (?)… крај на јули, а вака да падне температурата… и што сега, блуза да облекувам… ех, Скопје мое, Скопјенце убаво, никогаш да не се заборави страшниот земјотрес… види во што те претворија ова урбаниве мафијаши… навивачите на Шкупи и Левски како Ерос и Танатос, како Бледско и Бохинско… а Бугарите влегоа во Чаир, како Чаир да е Устав… говорот на Апасиев… најдобро нешто кажано од говорница или папагалско повторување на туѓо излагање… тоа е прашањето… прашањето што не заслужува прашалник… ЕВН ќе влезе во Слупчане, како војникот Рајан во Нормандија, како Вагнер во Бахмут, како Украина во Запорожје, како новинарски упад среде прес на Битиќи… како успешна подметачина за дефокус од суштината… чист доказ за грдите фрустрации на новосоздадената „натоариевска“ раса нордистанци, кои си ги бараат своите северни гени, источно од умот… ама чист доказ и за манифестација на нов подвид „патриотизам“ преку изживување со нечиј физички изглед, а не со суштината… Артан Груби, „аудито“ и комшијата, петпарачки нордистански римејк на „Огнени улици“ од Волтер Хил… платежните картички не функционираат… сосем краток, ама интересен приказ на мини-дистопија со прашање што гласи, а што ако истово потрае една недела… и сето ова финансирано од европски фондови… фондови злоупотребувани од нордистанската прчија…
Што ме гледате така бело? Има нешто нејасно? Се обидов да пишувам поезија од неделниот нордистански булшит. Ма, јок, се зезам! Направив список на нордистански глупости за кои не сакам да пишувам. Ете како изгледа. Патем, дојдов до заклучок дека за Нордистан нема спас. Додуша, со вакви патриотишта од различна политичка и аполитична определба, нема спас ни за Македонија. Ама па ако е за утеха, според неделната доза светски булшит, спас ѝ нема ниту на оваа наша цивилизација. Иако се поставува прашањето, дали ова воопшто е цивилизација? Па, уште супер технолошки напредната, оти ако се споредат примитивните општества со ова што го живееме денес, излегува дека само побрзо патува информацијата. Некој ќе рече, ама и до вистината побрзо се стигнува. Е не е вистина! Секој има своја вистина, тоа значи милијарди вистини што брзо патуваат од секој до секого и веднаш сакаш да се вратиш во пештера.

Океј, веројатно дојде време конечно да се одјавиме од вселената. Нуклеарна војна (и онака е во најава) звучи сосем добро како крај на нашата бесмислена приказна. Па и нуклеарните боеви глави во овие супертехнолошки модерни времиња патуваат со брзина на информацијата. А од кај да знаеме, може ќе се случат крајно интересни нешта по една апокалиптична нуклеарна пресметка, може оние што ќе ја преживеат ќе мутираат во некои чудни форми што ќе стекнат нови начини на комуникација? Добро сега, веројатно нема веќе да можеме, помеѓу две селфија од плажа, да се мразиме низ нишанот на тастатурата заради сопствената вистина или да пикаме нос во туѓа постела, па оттаму да извлекуваме заклучоци за својата морална величина, ама па сигурно ќе мутираат нови форми забава.
Па веќе ни се случиле мутации. Прво имавме нагон за преживување и нагон за размножување. Нагонот за преживување мутираше во политика, а нагонот за размножување се ребрендираше во секс, не како интима, туку општествена опсесија. Да не ви звучам дрогирано? Ми е гајле! Слободно напуштете ги овие редови и одете на поинтересни места како Слупчане, прес на Владата, собраниска говорница, еротските тајни на нордистанскиот устав, јас имам намера да си го доверглам започнатото.
Тоа што беше нагон за преживување мутираше во политика. Види, човек, ова се тешки времиња, мора да се преживее, затоа треба да се избере вистинската страна, политиката можеби е курва, ама макроата делат добри провизии, затоа, брат, сестро… ако сакаш да преживееш, политиката е вистинска прилика и единствена опција. И не само тоа. Денес луѓето водат два живота. Еден во стварноста, еден на социјалните мрежи, иако границите одамна се измешаа, како јин и јанг, човече, како еурокрем, односно, живеам за да постирам и постирам како живеам, па нека пукнат душманите, ама пази, дури и на социјалните мрежи, ако сакаш да преживееш, да те има што се вели, мора да си во тек, мора да имаш мислење за најжешките теми, односно, јасно е… за политика… за ЕУ, Кале, Слупчане…
Нагонот за размножување ребрендиран во секс, не како интима, туку општествена опсесија, оти сексот, сексуалната ориентација и секоја оргазмична воздишка, денес е сеопшта преокупација, забава за интелектуалната бижутерија и малограѓанските елити, исполнување на сопствената празностија, море филозофија, озборувачка револуција, билборд-занимација, скандал на денот, пропаганда и примарна социо-политичка дестинација, е сето тоа, иако ми е здодевно, сакам да го разгледам од една поинаква перспектива, односно како сето тоа ќе звучи откако ќе заврши катаклизмичната нуклеарна дешавка што нè очекува, по која преживеаните ќе мутираат во поинаква духовна и физичка форма на цивилизација.

Сигурно ќе биде забавно. Славниот глумец со три цицки и два пениса се вљуби во позната манекенка со вагини наместо уши, гради на задникот и задник на градите. Зомбисексуалците мора да ги добијат своите права исто како псевдосексуалците, неутралхормоналните мутанти, хермафројдовските тотемсексуалци и вишата каста бестелесни сајбер-педофили. А бе, знаеш дека сијамскине тризнаци изгледа ќе се разведуваат? Стварно??? Како, бе? Па нели беа во брак со онаа позната клаустрохомофобична водителка… е па, ги фатила како се швалерисуваат со ругобана од мутант што има само трета рака, па мораше да си додаде трето око меѓу цицките. И сега? И сега три дена само за тоа зборуваат цел комшилук, сите медиуми, а богами и социјалните мрежи вријат, не знам како не си чул… Па види, искрено јас не сакам да ги пикам своите носеви во туѓа постела. Стварно? А бе, не си нормален.
Да… не си нормален, Русјаков, зошто тресеш вакви глупости?
Оти и мене понекогаш ми се тресат глупости. Патем, секс и политика секогаш палат. А што да правам и мене знае да ми зоврие мозок од горештиниве… не, од ова ладново што се појави среде горештиниве…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...