Нексе соопшти: Вујовиќ не е повеќе тренер на тимот

Иако кон крајот на месец февруари хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице го ангажираше искусниот Веселин Вујовиќ за нов тренер на тимот, сепак, денеска заврши соработката меѓу двете страни.

Од клубот од Нашице преку клупското соопштение како причина за прекинувањето на соработката со популарниот Вујо го наведоа киксот со Пореч во рамки од 8. коло во плеј-оф фазата од хрватскиот шампионат.

Со тој кикс, односно ремито против просечниот Пореч, тимот на Нексе се доведе во ситуација да стравува за 2. позиција на табелата.

Нексе под водство на Вујовиќ доживеа елиминација во осминафиналето во Лигата на Европа, потоа служено загуби од Загреб, откако хрватското дерби во Нашице беше проследено со голем инцидент.

Нексе до остатокот од тековната сезона ќе биде предводен од  досегашниот помошен тренер Крешо Иванковиќ, а негов асистент ќе му биде Албин Етер.

Вујо распали по ракометарите на Нексе: Ми требаат „рудари“, не „инженери“ – светот не се врти околу нив



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...

Лазаревски: Сакаме пласман на СП за да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...

Томовски: Ќе биде пеколно тешко на баражот за СП

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...

Лазаров: Имаме респект кон Фарски Острови, но се почитуваме и себе си!

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...