„Немав поддршка за клуб-репрезентација со генерацијата на Ристовска, Петковска, Серафимова…“

Најголем успех како селектор Симе Симовски го има со младинската селекција, која ќе биде прва по две децении што ќе мине едни квалификации и ќе игра на ЕП 2015 во Шпанија.

Тој има идеја таа генерација да продолжи да расте како клуб-репрезентација, но не успева да ја реализира.

„По успехот со младинките и ЕП 2015 во Валенсија, тоа е генерацијата на Петковска, Серафимова, Ристовска, Митова, Мишевска, Керамитчиева, Стојановска… ја превземам сениорската репрезентација. Во А тимот имаме смена на генерација и токму овие девојки го креираат составот заедно со Елена Георгиевска, Ливриниќ, Деспотовска… како поискусни. Имав план и проект по кој сакав да работам и да се развива репрезентацијата, но тоа не се реализира. Интересот беше насочен кон машката селекција благодарение на системот кој го имаше во тоа време кај дамите, и поради кој беше тешко ние да поминеме. Тогаш системот беше поинаков и беше потешко. Ние ќе ги миневме квалификациите, но во бараж игравме двапати со Шведска, по еднаш со Словенија и со Романија. Тоа се репрезентации од Топ-10, а ние и денеска да играме со нив нема да поминеме. Поради тој момент сметам дека не го прифатија мојот план и тоа влијаеше на целокупната работа. Ставот беше добро е, успешни сме, продолжуваме“, открива поранешниот селектор и додава: „Голем дел од овие девојки играа и во ЖРК Вардар Јуниор и кога заврши приказната со шампионскиот Вардар, барав и од клубот и од Федерацијата да ме поддржат во идејата за клуб-репрезентација. Да останат овие девојки заедно, затоа што поради успехот на ЖРК Вардар три години во низа имавме вајлд-карта во Лигата на шампионите. Сакав да направиме клуб-репрезентација која ќе игра таму за да не се загуби континуитетот, иако реално немавме квалитет за да играме таму. Но, со две-три засилувања можевме! За жал, не се најде решение. Тоа беше многу тежок период, сите баравме алтернатива, нови средини. Јас како тренер, но и девојките меѓу себе многу си помагаа за секоја да најде клуб. Така сите се распрснавме на различни страни, а со тоа и идејата за клуб-репрезентација.“

Викенд-интервјуто со Симовски може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ СИМЕ СИМОВСКИ: Сакам со Ѓорче Петров нешто да докажам и на себе и на другите!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Лисичков и Зајков искомбинираа 18 гола, Астраион падна во Гевгелија

Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет...

ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби...

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...