Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Одговор до холандскиот амбасадор со контра прашање | KOLUMNI.mk

Одговор до холандскиот амбасадор со контра прашање

Секој ден во Македонија се отвораат нови болни прашања. Одговорите обично треба да ги дава власта, ама јавноста обично и не добива одговори.

Во последно време и западните дипломати во земјава почнаа да поставуваат отворени прашања. На пример холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп на македонска телевизија беше директен со прашањата.

– Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементирани? Дали е тоа прашање на менталитетот?, истакна и праша холандскиот амбасадор.

Ги слушна ли актуелната македонска Влада прашањата од амбасадорот, ќе има ли конкретен одговор? На пример вицепремиерите Гриби и Маричиќ може да објаснат зошто не се спроведуваат реформите, а и каде се парите. Нека си одберат кој на кое прашање ќе одговори и двајцата се експерти и се на важни функции. И двајцата на македонската јавност цело време им даваат објаснувања дека се се работи во корист на Македонија.

Овие две прашања се на место, добро се конципирани од амбасадорот и не треба да се одолговлекува со одговорот.

А треба да се одговори и на прашањето околу менталитетот. Не е до крај јасно дали дипломатот мисли на менталитетот на министрите или на менталитетот на сите македонски граѓани.

Затоа можеби одговорот би бил најсоодветен со контра прашањa:

А кои и чии дипломати не така одамна ги учеа македонските политичари дека можат да истераат некои болни работи за Македонија (како она за името) на „балкански и рационален начин“? Има ли тоа сега влијание кај опуштеноста на нашите политичари и во други прилики да си тераат на балкански начин?

Впрочем токму холандскиот амбасадор неодамна порачуваше на македонската јавност „треба да се затне носот и да се голтнат уставните промени“. Па можеби нашите министри исто така си велат: „треба сите да го затнат носот и да голтнат како ние ја раководиме земјава“?

Очигледно е дека: Треба сите да се вратат на вистинските европски стандарди. Сите. Само, на таков начин најдобро ќе се гради вистинскиот „менталитет“ на оние кои раководат со Македонија.

И да расчистиме, менталитетот на огромниот дел од населението во Македонија не е ист со тој на политичарите. Кај граѓаните само понекогаш има сосема друга фалинка во менталитетот која најчесто на самите нив им се удира од глава.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Njonjo, opasniji su oni koji brane kršćanstvo, nego mi koji ga “napadamo”

UZVRPOLJIO se naš predsjednik Sabora...

Пишува м-р Јанко Билбилоски: Професионалната ориентација и изборот на идна професија во современите услови на живеење

Професионалната ориентација претставува комплексен и долгорочен процес кој има...

Први мај – синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен дух – Denesen.mk

Д-р Мимоза РАЈЛ Синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен...

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...