ОХРИД 2023: Безболен пораз за Еурофарм Пелистер, битолчани ќе се борат за трофеј на „Крсте Андоновски“

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби од Металопластика Шабац со 27-26 во третото коло од групната фаза на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, но и покрај поразот останува на првото место и ќе се бори за трофејот.

Битолчани отворија лошо и имаа негатива од 4-0, па Александар Јовиќ мораше да бара тајм-аут. За пет минути македонскиот шампион направи комплетен пресврт и успеа да поведе преку Куманоски од пенал, 5-4.

Но тимот од Шабац остана во егал, 6-6, а потоа и по двете промашувања на пелистерци стигна до плис два, 8-6. Се зачестија грешките во напад на македонскиот тим, па некогашниот европски првак поведе и со плус три, 14-11.

До крајот на полувремето битолчани не успеаја да ја намалат негативата, напротив Шабац побегна и на плус четири кои беа актуелни на стартот, па на пауза се замина со 16-12 за српскиот тим.

На стартот на вториот дел се играше гол за гол, па беше 17-13, пред Кузманоски и Борзаш да намалат на 17-15, а битолчани преку двете крила погодија и за израмнување, 17-17.

Нападот на битолчани се размрда со влегувањето на Ѓорговски и битолчани по подолго време го преземаа водството, 21-20, кога имаше да се игра уште петнаесетина минути.

На двете страни имаше по неколку промашувања и немаше голови пет минути, пред Дамјановиќ да израмни на 21-21. Србите имаа и плус два, 26-24, а бркаа победа од четири гола за второ место во групата.

Беше и 27-25, кога Арсиќ запре шут на пелистерци, имаа гостите и шанса за плус три, но не ја искористи, па Цехте казни за 27-26 на шеесетина секунди до крајот. Битолчани добија шанса и за реми, но Петровиќ не успеа да реализира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

МВП НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – КОСУКЕ ЈАСУХИРА (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира, го доби признанието...

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...