ОХРИД 2023: Домаќинот му пружи голем отпор на фаворизираниот Олимпијакос, но загуби на стартот

Домаќинот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“, тимот на Охрид загуби во првото коло од групната фаза од вицепрвакот на јужниот сосед Олимпијакос со 34-31, но пружи силен отпор на фаворизираниот ривал.

Гостите имаа одличен старт и по пет минути, стратегот на Охрид, Стевче Алушовски мораше да бара тајм-аут кога беше 6-1 за Олимпијакос. Беше и 7-2, но охриѓани во продолжение од мечот ја консолидираа одбрана.

Погодуваа крилата Ојлески и Цирар во серија и Охрид намали на 7-6. Одново следуваа неколку промашени напади, па Олимпијакос предводен од голманот Котанидис се одлепи на плус четири, 11-7.

Алушовски направи неколку промени во поставата, на голот влезе Ристевски, во нападот заиграа Андоновски и Тасески, па Охрид намали на минус еден, 12-11. До крајот на полувремето најчесто се играше гол за гол.

Шешиќ со проектил од далечина го постави конечниот резултат на полувремето, 17-15. На стартот на вториот дел Орјоникидзе веднаш намали на 17-16, домашните имаа шанса и за реми, но беше пропуштена.

Олимпијакос ги казнуваше сите грешки на домашниот тим и се одлепи на највисокото водство плус четири, 22-18. Во продолжение Охрид се обидуваше да парира, Шешиќ со шут од далечина донесе минус, 26-25.

Беа промашени два напади, голманот Папантонопулос одбрани уште еден шут и на десет минути до крајот, Охрид беше на минус шест, 31-25. Но домашните ракометари не се откажуваа и прикажаа борбеност.

Намалија на минус три, 31-28 кога имаше да се игра уште седум минути, Ѓорѓески одбрани три пати во серија, но не се промени многу резултатот, бидејќи неговите соиграчи не реализираа во напад.

Немаше време за нешто повеќе и Охрид мораше да се помири со пораз, 34-31. Најдобри поединци во домашниот тим беа Ојлески со пет гола, како и Тасески, Бојаниќ, Цирар и Шешиќ, кои погодија по четири пати. Следен предизвик за Охрид е дуелот со Голден Арт.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...