Палевски има слики со истакнати личности од разни провиниенции, како што тоа го имаа Боки 13 и Катица од СЈО – Denesen.mk

На социјалните мрежи и во медиумите се (пре)објавуваат фотографии и селфи на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на велешанецот Панче Жежовски и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Палевски може да се види на фотографиран со познати личности не само од политиката, туку и од разни други сфери во општеството. Сега тоа се (зло)употребува за политички и други цели, а грозоморниот чин на убиства и негативниот набој кај граѓаните да се искористи за да се нападне „другата страна“.

Можеби е случајно, но три случаи на јавни личности во Македонија, кои завршиле со лисици на рацете, многу наликуваат.

Луѓето паметат, оти не беше многу одамна кога сите сакаа да се сликаат и да се филмуваат со поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која сега одлежува затвор во Идризово. И другите нејзини колеги и колешки, не толку одамна, беа во центарот на вниманието, на фотографии, во медиумите, дури и на некакви скрпени документарно-политички филмови.

Уште подрастичен случај од Јанева е поранешниот нејзин близок пријател, и на власта, Бојан Јовановски познат како Боки 13. Тој има фотографии со највисоки личности од македонскиот владејачки пејсаж. Како што е познато, Боки 13, исто како и неговата поранешна пријателка Јанева, по сликањето со највиоскиот врв на власта, заврши во затвор.

Сега, тоа се случува и со првоосомничениот за грозоморните убиства на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен маж од Велес. Кога ќе се погледнат денес фотографиите, се добива впечаток, како иста „пиар“ да ги креирала настапите. Овде мора да се стави нужна ограда за разликата на криминалците, не може да се стваат во иста „келија“ тие што во неа лежат за украдени пари и тие што за пари или друг ќар убиле невини луѓе, меѓу кои и невино девојче на 14 години.

Можеби ова е само совпаѓање, но паѓа в очи. Сигурно е дека луѓето, и обичните како и тие во политичките врвови, си наоѓаат свој есап да се сликаат со популарни личности во тренд. Но, фотографиите и селфињата, од споменатите примери се доказ дека и политичари од врвот, како и свештеници, новинари, граѓани итн. покажуваат слабост кон личности во тренд. А потоа си ја ишкаат мувата од својата да оди на капата на друг.

Ако има некаква поента и дилема од ова совпаѓање може да биде: Дали тие што прават селфи биле подучувани од ист фото-центар или биле толку мудри, сами и самоуки да го научат тоа?

А за насликаните со нив: По сликање нема каење!

(Д. Г.)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...