Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Парс: Да се унапреди македонистиката на најеминентниот факултет за јазици во Турција | KOLUMNI.mk

Парс: Да се унапреди македонистиката на најеминентниот факултет за јазици во Турција

Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работаСо ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народна. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката.

Ова меѓу другото го истакнува раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Мелахат Парс, во разговор објавен во новиот број на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“.

„Особено е важно што Катедрата и Лекторатот по македонски јазик и литература се отворија на најеминентниот факултет за јазици на Република Турција, основан од Мустафа Кемал Ататурк, кој, исто така, потекнува од Македонија. Во Турција има повеќе од 250 универзитети и не е лесно за кратко време да се отвори нова катедра.“ – посочува Парс.

Во однос на интересот за македонистиката во Турција и поконкретно во Анкара, нагласува дека е голем.

„Секако има голем интерес, бидејќи во Турција има голем број турски иселеници од Македонија, кои многу ја сакаат и почитуваат Македонија. Меѓутоа сакам да кажам еден класичен пример. На промотивниот час на лекторот по македонски јазик, Дарко Темелкоски, еден студент од Катедрата за англиски јазик и литература изрази желба како изборен предмет да ја земе граматиката на македонскиот јазик. Сакам да подвлечам дека вакви заинтересирани студенти има и од другите катедри на Факултетот за јазици, историја и географија.“ – истакнува Парс.

Таа и напоменува дека отворањето на Катедрата и Лекторатот се одвивало без потешкотии. Во однос на Лекторатот и посочува дека е отворен во согланост со Протоколот за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Анкарскиот универзитет.

„Би сакала да ја потенцирам ангажираноста на ректорот на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Неџдет Унувар и на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Би сакала и да го подвлечам фактот дека лекторот Дарко Темелкоски пред професорите и студентите на Факултетот за јазици, историја и географија одржа многу успешно промотивно предавање.“ – истакнува Парс.

Таа и нагласува дека Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, допрва ќе се развива и дека ќе се вложува во комплетирање на наставно-научниот кадар, а дека студентите на Катедрата ќе имаат можност да истражуваат во Македонија.

„Отворањето на Катедрата и на Лекторатот по македонски јазик и литература претставува богатство за нашиот факултет и за нашиот универзитет. Бидејќи ние имаме историски, јазични, литературни, културни и други врски и односи со Македонија и со Балканот.“ – посочува Парс.

Разговорот со раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет е достапен на: http://dpm-pisateli.mk/wp-content/uploads/2023/02/Stozer-146.pdf


Post Views:
68

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ