Патишта опасни по живот – СКОПСКО ЕХО

Колумна на Пеце Лозанов:

 Патишата се темелот на секоја држава, колку повеќе развиена современа мрежа на патишта, толку посилна и развиена држава. Секојдневно слушаме на телевизија како странски компании биле заинтересирани, ќе инвестирале кај насДојдоа, се фотографираа и си заминаа и веќе никогаш не се вратија, не ги обвинувам! Мислам, најмал проблем е изградба на фабрики и компании, вистинскиот проблем е како да ги пласираат стоките на пазарот или како да се транспортираат. Каков “модерен“ сообраќај може да понудиме, патен, железнички, воздушен итн, ако патниот ни е главен адут, ќе останеме уште долги години назад. И не се само патиштата за моторни возила во лоша состојба, каде се патиштата за велосипеди и пешаци.

Но, ајде ова прашање да го поставиме во обратна смисла: Колку дупки има на македонските патишта или колку патишта се изработени со неквалитетен асфалт? Верувајте не секогаш се виновни возачите и возилата, постојат и други индикатори, дупките на патиштата се едни. Колку само сообраќајни незгоди се должат на огромни дупки на некој пат, на ситуација во која возачот сакал да ја одбегне во последен момент па загубил контрола, удрил во возило од спротивен правец, во моторџија, велосипедист? Колку на сигурност влијаат лошо изведените свиоци, непрегледни делници? Како влијае неквалитетниот асфалт кој се претвора во бразди во текот на летната сезона и кои го изместуваат движењето на возилото. А се уште ни го ставаат во коловозите. Читам деновиве дека поради лошиот асфлат повторно ќе мора да се асфалтира улицата „Козара“ во Скопје! А колку тони лош асфалт се ставени во македонските патишта досега, за да некој го наплати како најквалитетен? Добра ли ни е сигнализацијата на патиштата, сигурни ли се од одроните…?

Тоа не се знае но, сепак, на крајот, големиот број на сообраќајни незгоди секогаш од стручните лица се припишува на вината кај едната или друга страна учесник во сообраќајната незгода. А што доколку се направи статистика и се дојде до податок за одредени делници каде имаме зголемен број на сообраќајни незгоди и каде тие незгоди се повторуваат постојано. Тогаш се поставува прашањето дали секогаш се виновни учесниците во сообраќајот? Една таква анализа треба еднаш да се направи.

Македонија како централна држава на Балканот, поминуваат два коридори од вкупно десет коридори во Европа и се уште не се довршени целосно. Нашиот стремеж кон ЕУ може да значи дека ние не ја сакаме Европа туку нивните пари или лесни пари како што ни пласираат медиумите веднаш штом влеземе во ЕУ. Како очекуваме да решаваме европски прашања, кога не можеме нашите основни проблеми да ги решеме.

Старите римјани како основоположници за изградба на патиштата имаа изрека Виа Вита или во превод, патот е живот. Тоа време луѓето патувале со кочи и коњи од денешна дистанца напреднат е начинот на патување, но по се изгледа заостануваме со патиштата. Се зависи колку сериозно ќе ги сфатиме работите, особено патиштата кој секојдневно ги користиме. Старите римјани пристапија со сериозност на овој проблем, затоа нивните патишта траат и ден денес.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...