Пендаровски нема среќа со анкетите

Ова анкетите кои мерат рејтинг на политичари можат да бидат непријатна работа. Покажуваат податоци од кои може функционерот да биде баш „жегнат под ребра“. Деновиве излезе една таква сериозно подготвена анкета од порталот МКД.мк спроведена од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.

Кого го „жегна“ анкетата?

Можеби премиерот Димитар Ковачевски на кого му веруваат 6,1% од испитаниците? Или можеби анкетата го здоболе претседателот Стево Пендаровски на кого му веруваат само 0,2% од анкетираните?

Бројката која стои до Пендаровски во објаснувањата на некои анкетари обично се толкува како статистичка грашка. Дали можеби оваа бројка е грешка? Зарем е можно толку мала поддршка да има Пендаровски кај населението?

Македонскиот претседател неодамна истакна дека мислењето на македонските граѓаните за неговата работа ќе биде решавачки фактор – дали повторно ќе се кандидира за претседател.

А еве гледаме какво е мислењето на народот. Многу, многу ниско, а и паѓа, што се гледа од анкетата во февруари годинава кога имаше повисок рејтинг: 0,3 проценти.

Дали овој пад на рејтингот (помалку и не може да падне) значи дека тој нема да учествува во нова претседателска трка? И дали ако тоа се случи можеби ќе следи и негово селење на државата, оти да потсетиме Пендаровски има дадено ваква изјава:

-Да не бев претседател и самиот би се иселил од мојата држава, истакна тој пред три години.

Но, Пендаровски како искусен политичар не треба да биде „отпишан“. Тој цело време кажува дека напорно работи за доброто на сите во Македонија. Може населението наскоро ќе ги увиди тоа?

Такво нешто од народот сигурно очекува и Ковачевски, кој исто така многу работи…

 

 

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...

Мешков Брест ги задржа Андреев и Мацкевич

Белорускиот првак Мешков Брест одново ќе има конкурентен...