Почина најстариот Јапонец на 113 години



Јапонецот Гисабуро Сонобе, кој имаше 112 години и 146 дена и беше познат како најстариот човек во оваа далекуисточна земја, починал на крајот на март во префектурата Чиба близу Токио, соопштија денеска тамошните власти.

Сонобе е роден на 6 ноември 1911 година и стана најстариот човек во Јапонија во ноември 2022 година, по смртта на неговиот претходник кој живеел 111 години. Општинската управа на Татејама, каде што живеел Сонобе, не го открива точниот датум, ниту причината за неговата смрт, на барање на неговото семејство.

Инаку, Гинисовата книга на рекорди вчера објави дека и Хуан Висенте Перез, најстариот човек на светот, починал на 114 години во Венецуела. Според веникот „Кјодо“, се очекуваше Сонобе да биде следниот носител на таа титула.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Фараните заглавени на аеродром | 24 РАКОМЕТ

Експедицијата на Фарски Острови вечерва требаше да пристигне...

Бисинов од Велес е нов член во Супер лигата

Сегашниот прволигаш, а од следната сезона нов суперлигаш,...

Кадетите минимално поразени од Словенија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска во словенечкиот...