Почна електронското пријавување за упис во средно, ќе трае до 25 јуни

Почна електронското пријавување за упис во средно, ќе трае до 25 јуни

Од денеска до следниот вторник, 25 јуни, во тек е првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година.

Пријавувањето се одвива преку линк до порталот на електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички профили на schools.mk.

„Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава“, информираат од Министерството за образование.

Најдоцна до 26 јуни до 9 часот секое училиште треба да ја објави конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места останати по првото пријавување.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

Второто пријавување во јунскиот рок ќе биде на 1 и 2 јули.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ