Познати се сите учесници – Македонија со еден тим и двајца интернационалци во Лигата на Европа

Откако вчера и денес беа одиграни реванш дуелите од квалификациското коло во Лига на Европа, познати се сите учесници во групната фаза во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, со двата порази од Рајн Некар ја заврши годинешната европска авантура, која кратко траеше.

Вардарци на првиот дуел, кој беше одигран минатиот викенд во „Јане Сандански“, беа поразени со девет гола разлика, 35:24.

Избраниците на Владо Недановски денес на реванш средбата против бундеслигашот загубија со 37:33.

Пласман во групната фаза обезбеди и Констанца, која на пенали го елиминираше ланскиот финалист Гранољерс.

Во групната фаза ќе играат и екипите на Винтертур и Брага, кои во квалификациите беа подобри од Агуаш Санташ, односно Тримо Требње.

Македонија во групниот сегмент во Лигата на Европа ќе има еден тим – вицерпвакот од Автокоманда, потоа левиот бек Филип Талески со Бенфика, кој ќе игра против Нант, Кристијанштад и Рајн Некар, како и левото крило Бојан Маџовски, кој со Ловќен ќе игра против Фленсбург, Елверум и Кадетен Шафхаузен.

Групна фаза, Лига на Европа, сезона 2023/24

Група А: Нант, Бенфика, Кристијанштад, Рајн Некар

Група Б: АЕК Атина, Забже, Криенс Луцерн, Хановер

Група Ц: Куенка, Горење Велење, Савехоф, Винтертур

Група Д: Нексе Нашице, Скјерн, Повашка Бистрица, Брага

Група Е: Кадетен Шафхаузен, Фленсбург, Елверум, Ловќен

Група Ф: Ла Риоха, Алкалоид, Војводина, Силкеборг

Група Г: Фуксе Берлин, Шамбери, Динамо Букурешт, Извиѓач

Група Х: Спортинг Лисабон, Хробри, Татабања, Констанца

Најдобрите две екипи од секоја група ќе продолжат да се натпреваруваат во главната фаза. Првото коло од новата сезона во Лига на Европа ќе стартува на 17 октомври, второто коло ќе се одигра 24 октомври.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...