Празнитте столови и чинии на празничната трпеза

Ламбе Арнаудов

Наближуваат весели празнични денови полни со радост и искрени желби за здравје, среќа и бериќет, но и заедничко семејно одбележување на Рождеството Исусово Божиќ што најторжествено се слави во кругот на најблиското семејство.

Новогодишната и Божикна кошничка благодарејќи на овие дилетанти и апаши од власта, граѓаните и верниците кои најмногу го слават Бога, чинам најскромно ќе ги поминат овие светли денови, но нивната внедрена духовност и чествување на празниците ќе им ги разгали срцата и осветли душата и ќе бидат многу, многу посреќни од, на овој голем ден таканаречените верници егзибиционисти.

Но нешто друго ми беше зборот. Не можам, а да не се присетам на празните столови и чинии на празничните трпези, на кои и оваа година ќе фалат главите на семејствата, онеправдани од човек-нечовек, домаќините кои веќе шест години не ја почувствувале топлината на домот, љубовта на семејството и празничната атмосфера на заедничката трпеза исто толку време, докрај непотполна.

Фали главата на семејството без никаква причина и вина, освен што премногу ја сакале својата татковина и го бранеле Уставниот поредок на Република МАКЕДОНИЈА.

Во тоа време, еден СЛАБАК – мизерија од човек, предавник, кривоплатеник и арамбаша кој со своите зулумќари, жеден за власт и неограничена моќ си стави на врат ѓаволов печат, ги погази сите човекови вредности, се вооружи со лакомост, гордост, завист и над сé со самољубие и со одмаздничка еруптивна суровост, удри на Уставобранителите, нивните семејства, истомисленици и до темел ја разорна македонската држава, го понижи својот народ, го разнебити идентитетот на родот свој.

Принуди кукавици кокошкари и награди среброљупци, ги собра во својата ОРДА на беззаконие и врз грбот на овие големи синови на МАКЕДОНИЈА – УСТАВОБРАНИТЕЛИ го разурна и опустоши македонското општество и го претвори во феуд со кој уште владее преку своите од него назначени вазали и послушници.

Почитувани јунаци УСТАВОБРАНИТЕЛИ, НИЕ вашите сострадалници ви порачуваме: Доаѓа време на праведност и правда. Доаѓа време на израмнување на сметките. Многу скоро ќе бидете со своите најмили, вашите бебиња кои сега се првоодделенци, основците сегашни тинејџери, со вашите родители со понекоја повеќе брчка на челата и побелени влакна од жал, чемер и јад за своите чеда јунаци што ги нагризуваат вашите страдни и напатени срца и души.

Доаѓа време кога друг многу почесен човек, вреден и достоен ќе ги подели картите.
Асовите, најсилните карти ќе ги подели на најважните, највредните со ист генетски код патриотски како вашиот, а тоа е НАРОДОТ.

НАРОДОТ секогаш знае што да направи за себе и кому да му додели довербата.
Ваквите како овие досега, никогаш повеќе нема да ги гледате на политичкото небо што заради нивната неспособност е темно, но не толку да не може да се види ѕвездата која ќе го осветли патот на вистината и убавината.

Сепак, порачувам до сите вие, сегашниот и поранешен премиер, претседател на МАКЕДОНИЈА, јавни обвинители, судии, лажни сведоци и сведоци соработници, полициски службеници вовлечени во оваа гнасна игра и министри: Имате последна шанса да исперете голем дел од вашите ГРЕВОВИ кон народот, татковината и пред сé кон овие страдалници на чии семејства и лично ним им одзедовте НЕПРАВЕДНО огромен и најсладок дел од животот што им го дарил ГОСПОД правејќи се поголеми од НЕГО.

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ!

Да се симне проклетството што заради вас клетници нé снајде сите, во прв ред, вашите невини жртви.

Зошто ако не се покаете, нема ни прошка. Тогаш сé останува отворено и во знак на универзалната, глобална изрека која сликовито ја објаснува ВИСТИНАТА.
НЕ ПРАВИ ЗА ДА НЕ НАЈДЕШ!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Колумна: Мијалков и лешинарите – OhridNews

Готово. Завршен уште еден субкруцијален проект на НСРМ од...

Новиот Клинички центар – Република

Ристo Симеонов „Неделава ќе се финализира локацијата за изградба на...