Предвремени избори… сега или веднаш?!

Ова е единственото прашање на кое треба да се фокусира македонската политика во моментов!

Изјавите од типот:

„Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата ѝ се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следна влада. Двотретинското мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата“,

се исклучително штетни и незрели.

Оваа изјава на Ковачевски ја дефинира сета негова политичка филозофија! Тоа се две реченици кои го детерминираат неговото поимање на политиката, неговото чувство за одговорност и неговиот однос кон граѓаните на државата чиј што премиер е! Изјава која што го вади на виделина неговиот карактер и го дефинира профилот на неговата личност.

Во превод кажано, ако Ковачевски најдеше осумдесет пратеници за уставни измени, ќе ја завршеше работата. Но, ако не најде, ќе си тера и со шеесет и еден до крајот на мандатот на овој собраниски состав.

Многу е едноставно!

Човекот кој што на премиерската функција дојде без избори, без никаков изборен легитимитет, човекот кој што не понудил програма за да биде гласан, политичарот без никаков политички идентитет, сака да продолжи да ја води владата без оглед на сите неуспеси и промашувања. Онака, со шеесет и еден.

Тоа што заедно со неговите шеесет и еден превзеде сериозна обврска да го менува уставот, при што целосно ја изолираше опозицијата од процесот, како и тоа што не успеа да испорача резултат, за Ковачевски воопшто не е доволно да почувствува некаква одговорност.

Друг му е крив!

Криви му се тие што го советуваа, му опонираа и го опоменуваа да не оди сам во процесот на прифаќање на преговарачката рамка без да обезбеди консензус или минимум двотретинска поддршка за прашања од национален интерес. Тие не сакале да му гласаат и да ги имплементираат неговите рекетарски политики кои ги води според принципот на доведување пред свршен чин.

Да, Ковачевски нѐ доведе сите пред свршен чин! Целата држава, општество, интелектуалната јавност и целокупниот македонски народ. Нѐ доведе нас, неговите политички неистомисленици, кои цврсто се залагаме Македонија да стане држава со европски вредности и стандарди, а не европска депонија на неевропските фрустрации на поедини земји членки, како Бугарија во актуелниов момент. Тој ги доведе пред свршен чин дури и сопствените политички поддржувачи, но кои во исто време имаат поинакво мислење во однос на авантурата со францускиот предлог.

Играјќи соло партија, со намера само за себе да го приграби целокупниот политички бенефит од дводецениските напори на генерации политичари за почеток на преговорите со ЕУ, тој всушност се претвори во најголемата кочница за македонските евроинтеграции. Тој е политичарот кој што ја доведе Македонија во позиција на самоблокада. Тоа е премиерот кој што не се ни потруди да најде начин да ја обедини македонската политика во правец на заштита на националните интереси, а која истовремено нема да биде пречка на евроинтегративниот процес. Доволно ќе беше да ги копира Бугарите кои за прашања од национален интерес носат одлуки во собранието со сериозна политичка поддршка и од најлутите прротивници.

Да ја завршеше Ковачевски работата уште во времето на усвојувањето на преговарачката рамка, до сега веројатно ќе течеше процесот на преговори, а фокусот на политичката борба ќе беше ставен на сериозни прашања кои што реално нѐ мачат сите нас.

Ќе се фокусиравме на проблемот на отсуство на рамнотежа на платите во Македонија кој настана под раководство на Ковачевски. Не може во државата еден наставник или учител, оние кои што ги учат и образуваат македонските поколенија да има исти или помали примања како оние на кои работат во маркет или некоја сендвичара. Не велам дека оние што работат во маркетите имаат високи плати, но велам дека учителите и професорите се слабо платени, дури 300% помалку од еден судија, на пример.

Ќе се фокусиравме на тоа како да се најде начин за решавање на прашањето со пензиите. Примањата на дел од пензионерите се пониски од секој можен социјален минимум, недоволни за живот во текот на месецот, дури недоволни и за преживување.

Исто така, ќе се фокусиравме на висината на паричниот надомест за студентскиот оброк, на пример. Ќе разговаравме со поголемо внимание за ова прашање, за тоа дека треба да се зголеми паричниот надомест. Ќе разговаравме за тоа дека се небулозни идеите на оваа власт секој студент да мора да троши по 140 денари на ден, секој ден. Ниту повеќе, ниту помалку. Точно 140 денари. Небулоза е да се помисли дека еден студент ќе ги злоупотреби парите за храна па дај да го обврземе

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СП младинки: Познати се осум учесници во главната фаза

Денеска на Светското првенство во Македонија беа одиграни...

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...