Пролет мисли на иднината, донесе петмина млади ракометари

Тимот на Пролет состави квалитетен тим за новата натпреварувачка сезона во Супер-лигата, но клубот паралелно со тоа инвестира и во младинската школа и во пониските возрасни категории.

Во тој правец, беа потпишани договори со пет нови ракометари, перспективни играчи кои доаѓаат во нашиот клуб од Автокоманда.

Станува збор за левиот бек Давид Младеновски (18), средниот бек Стефан Велков (17), крилата Дамјан Димитриевски (18) и Андреј Ниновски (18), како и левиот бек Алек Алексовски (19).

Според планот на Пролет тие треба да се развиваат преку младинските категории, но и да тренираат со првиот тим, во обид да се наметнат кај тренерот Лембанов кој веќе се покажа како стратег што е подготвен да даде шанса на млади и перспективни ракометари.

Со овие трансфери, Пролет уште еднаш покажува грижа за младинските категории и за иднината на македонскиот ракомет, како клуб кој секогаш акцент става на домашните играчи во тимот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...