Охрид 2023: Бешикташ немаше сила за полетната Металопластика, Шабац слави петто место

Металопластика го освои петтото место на интернационалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако го совлада составот на Бешикташ со 32-29 (19-15). Турскиот претставник го завршува престојот во Охрид со една победа (Голден Арт) и три пораза од Охрид, Олимпијакос и Металопластика. Српскиот претставник има подобар скор, на оваа победа и се надоврзуваат еден пораз (Бутел), едно реми(Татран) и една победа, онаа против македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Металопластика од самиот почеток ја презема резултатската иницијатива и со два гола предност го контролираше темпото на теренот. Ракометарите на Бешикташ до 10 минута успеаа да го израмнат натпреварот,  но следуваше нов бран голови за Металопластика и грешки за Бешкташ па резултатот се врати на „плус два“ за српскиот претставник.

Голманот Павковиќ имаше свои моменти на дуелот, а во финишот на првиот дел грешките на турскиот напад имаа ефикасна казна на спротивната страна. Затоа разликата се зголеми до четири голови, 14-10. Предност која се задржа до крајот на првите триесет минути за конечни 19-15.

Во вториот дел продолжи играта гол за гол. Бешикташ го отвори резултатот, но веднаш возвратија противниците. На секоја грешка на српскиот претставник им се реваншираше Бешикташ затоа Металопластика го задржа солидниот капитал од четири голови до средина на второто полувреме, кога Додиќ од пенал линијата ги постави највисоките „плус пет“ 26-21.

Бешикташ на крилата на расположениот централен бек Пена во средината на второто полувреме го имаа последниот јуриш, но разликата застана на само „минус два“. До 52. минута Металопластика повторно дојде до највисоките пет голови предност како најава за победата.

До крајот на дуелот гостите од Шабац имаа предност и од шест голови, а на крајот се радуваа на победа од 32-29.

Со оваа победа Металопластика го освои петтото место, а Бешикташ шестото на второто издание на интернационалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Финалните натпревари се во вечерниот термин во спортскиот центар „Билјанини извори“. Од 18 часот започнува дуелот за трето место меѓу домаќинот Охрид и Татран Прешов, а од 20:15 е најавениот старт на финалето во кое ќе играат Еурофарм Пелистер и Олимпијакос.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...