Рајн Некар Левен реди победи, Шпат блескаше меѓу стативите

Противникот на Вардар во квалификациите за Лигата на Европа, Рајн Некар Левен, ја забележа третата победа на пријателските средби.

Во полуфиналето од „С Купот“, „лавовите“ од Манхајм ја победи екипата на Балинген со убедливи 36-29.

Во финалниот натпревар на овој пријателски турнир, Рајн Некар Левен ќе се соочи со екипата на Гепинген.

На дуелот со Балинген, најдобар поединец беше голманот Давид Шпат кој имаше 16 интервенции за 60 минути меѓу стативите.

Најдобри стрелци беа Кнор со шест гола, Грецки со пет и Колбахер со четири погодоци.

Вардар и Рајн Некар Левен ќе играат на 26 август во Скопје, додека реваншот е на 3 септември во Хајделберг.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бикоски: Знаеме кој е Вардар, но ние нема да се предадеме!

Ракометарите на Прилеп денес на свој терен ќе...

Zašto balkanski žestoki momci i dalje podržavaju Putina

ONOG momenta kad je ruski...

Парондо и Мелсунген се хит – имаат седум од седум во Бундес лигата!

Бундеслигашот Мелсунген ја продолжи победничката серија во Бундес...