Лицемерие со декларацијата за Илинден, СДС е сериски убиец на македонскиот идентитет и државата Македонија – Denesen.mk

Ламбе Арнаудов

Непосреден повод за оваа колумна е крајно идиотско демонстрирано непријателско и предавничко искажано лицемерие од страна на СДС со предложената декларација по повод 120 години ИЛИНДЕН!

Како не ви е срам? Како не ви е грев кон својот народ и како си земате за право со вакво нешто од ваша страна, апсолутно недостоинствено.

Па, вие ги погазивте, ги убивте сите придобивки од ИЛИНДЕН и АСНОМ.
Вие сте најголемиот и најсвиреп сериски убиец на идентитетот на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и нашата татковина МАКЕДОНИЈА, кој за сега сé уште не е изведен пред лицето на правдата. Но, скоро ќе дојде и на вас редот. Куртул за предавства и тоа намножени НЕМА.

А, сега нешто и за споредбата со злосторствата на сериските убијци.

Прво, вашето злодело е плод на дејствување, и тоа крајно незаконски и спротивно на Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, собрани во злосторничко здружение со крајна цел уништување на идентитетот, постоењето и иднината на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и сведување на ранг орда или модерна раја која ништо не знае за себе, нема поим каде се наоѓа и од кого е ставена под јарем и кога ќе ни дојде времето за упатување идентитетската кланица.

Втората споредба, ништо помалку важна е таа што при ваква сериозна опасност од сериски убиец сите безбедносни и одбранбени сили се мобилизираат до највисок степен на приправност додека таквата опасност од граѓаните не се неутрализира или елиминира.

Во вашето злосторство што произлегува организирано, синхронизирано, раководено и спроведено од злосторничкото здружение СДС, која преку својата партиска држава и нејзините институции одродени од сопствениот народ и одметнати од Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, наместо да го спречи, гони, неутрализира, токму партиската држава упорно го спроведува.

Како? Еве како.

Да почнеме од најмладите, децата во градинките се подложени на превоспитување, од мали нозе да не знаат ништо за себе, за своето семејство, народ и татковина, потоа во училиштата со систематска промена на програмите, бришење датуми и личности значајни за нашиот опстој, до енергични забрани да се спомне името МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЕЦ и настани што обележуваат бунтови, востанија, декларации за независност, референдуми и прогласување на суверена, самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.

Целата колумна може да ја прочитате во РЕПУБЛИКА.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за вторник, 26-ти септември 2023-та

ОВЕНОвој ден ќе биде полн со предизвици за Овните....

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...