Разговорот ја подобрува меморијата | NetPress



Само десет минути разговор со друго лице може да ја подобри меморијата и интелектот, тврдат научниците од Универзитетот Мичиген.

– Во текот на нашите студии, дружењето со други лица се покажа подеднакво делотворно како и некои традиционални психички вежби за подобрување на меморијата и интелектуалната способност, пишува психологот, Оскар Јбара.

При прегледувањето на податоците за 3.610 лица на возраст од 24 до 96 години, воочена е врска меѓу високо ниво на социјалната интеракција и развиени когнитивни функции, пишува порталот Стетоскоп.

Во текот на друг експеримент, научниците изведоа лабораториски тест за да утврдат како социјалната интеракција и интелектуалната вежба влијае на меморијата и психичките способности.

– Ние видовме дека и кратката интеракција од само десет минути ја зголемува интелектуалната способност исто како и вклучувањето во интелектуалната активност, рече Јбар.

Што се однесува до резулататите, изгледа дека посетата на пријател и сосед може да биде многу важна за острината на умот како и секојдневното решавање крстозбор.

Јбара нагласува дека социјалната изолација може да има негативно влијание на интелектуалната способност, како и на емоционалната стабилност на личноста.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Гоце Георгиевски останува во Вардар уште една сезона

Десното крило Гоце Георгиевски реши уште една сезона...

Македонија со чартер лет на Фарски Острови

Најуспешната спортска федерацијата во Македонија, која доби и...

Ѓорче Петров броеше до 51 против Гевгелија, во следното коло може да слави нова титула!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров забележа уште една победа...