Ресторан во Италија на гостите им наплатил 20 евра за сечење торта на 20 парчиња

Во Палермо, Сицилија, гостите на еден ресторан доживеале непријатно изненадување кога им наплатиле 20 евра бидејќи побарале роденденската торта да им се исече на 20 парчиња.

Семејството на кое му било наплатено за  сечење на тортата нарачало пица и пијалок од 124 евра во ресторанот. Со себе ја донеле роденденската торта. Кога ја побарале сметката, ја виделе ставката „20 x servizio torta“ и сфатиле дека им била наплатена услугата што ја барале.

Тие останале затечени, па решиле да се огласат на социјалните мрежи, пишува New York Post. Нивната објава налути многумина. Ова не е првпат италијански ресторан да се најде на удар на критики поради сомнителни наводи. Патничката на TripAdvisor изјавила дека забележала во еден ресторан во престижниот регион на езерото Комо дека има изненадувачка доплата од две евра на сметката бидејќи нејзиниот сендвич бил пресечен на половина.

Таа објави негативна рецензија за ресторанот, тврдејќи дека никогаш не побарала сендвичот да се пресече.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...