Мајката на Џорџ Харисон се срамела што е жена поради „битлманијата“

Мајката на членот на легендарните „бубачки“ Џорџ Харисон, своевремено напишала дека „се срами што е жена“ откако ги гледала обожавателките како врескаат на концертите на тогаш глобално хиперпопуларната ливерпулска рок-сензација.

Луиз Харисон ѝ напишала на тинејџерката Џенет Греј за сцените на коишто била сведок на концертот на The Beatles во Манчестер во ноември 1963 година. Џенет, која живеела во Ливерпул, испраќала писма секоја седмица во периодот од 1963 до 1966 година до домот на Харисон во Волтон.

Госпоѓа Харисон трпеливо одговарала на писмата на обожавателите од целиот свет. Преписката станала поинтимна кога Луиз се заинтересирала за приватниот живот на тинејџерката.

Во писмото датирано од ноември 1963 година, таа напишала: „Минатата среда бев во Манчестер и ми се згади кога видов обожавателки како врескаат во текот на целиот концерт. Ниту еден нормален човек не би чекал во ред и би купил билет само за да застане таму и да вреска, а не бил слушнал ниту еден тон од сцената. Навистина се срамев што сум жена“.

Дваесет ипет од писмата на г-ѓа Харисон се понудени на наддавање од семејството на Џенет Греј, која во меѓувреме починала. Писмата се меѓу голем број други сувенири на The Beatles кои ќе бидат понудени на аукција во Ливерпул на 26-ти август.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Пол Мaкартни стана првиот британски музичар милијардер

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер, според листата...

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во...

Супер Глоуб станува „Светско клупско првенство“

Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб...

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...