Сега секој потег е решавачки за државата и нацијата

Влегува ли Македонија во моментов во проблем на недостиг од време или, шаховски кажано, влегува во цајтнот или, пак, некој сака да го наметне тоа така да изгледа?
Како што стојат сега работите, треба многу внимателно да се влечат потезите бидејќи и најмала грешка веќе нема можност да се поправи и може, шаховски кажано, сами да се матираме.
Се добива впечаток дека некако брзоплето, без концепт и без содржина се турка целата постапка во сите сфери.
Оддалеку се забележува дека единствена преокупација на политичарите од власта е како да се обезбеди двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници, а не како да се развие дебатата, за да се чујат сите аргументи и целосно да се заштитат македонските национални и идентитетски прашања.
Од друга страна, пак, опозицијата е преокупирана единствено со прашањето на предвремени избори, каде што го гледа решението на сите проблеми. Во таа рововска политичка битка интересите на граѓаните и државата како да се турнати настрана. Во вакви околности само се продлабочуваат поделбите во државата наместо да се дејствува на обединување околу националните и државните интереси. Тоа испраќа и лоша слика пред ЕУ и меѓународната заедница.
Во тој креиран пејзаж на политички цајтнот и наводна трка со времето се добива впечаток дека неефикасни, нецелисходни, избрзани и погрешни потези влечат и власта и опозицијата, затоа што не ја гледаат пошироката слика, туку се водат исклучиво од теснопартиските интереси (останувањето или доаѓањето на власт). Во меѓувреме, Македонија пропаѓа во секој поглед. За да не пропаднеме целосно во жив песок во следните денови и месеци треба да се направат следните потези.
– Да се пренасочи фокусот околу уставните измени (не на тоа кој колку пратеници има или ќе се обиде да обезбеди), туку на суштинските прашања како најдобро да се заштитат националните интереси на македонскиот народ и држава. И во Уставот и на секој друг начин. Тоа е тема вредна за дебата.
– Да се испрати силна обединувачка порака до меѓународната заедница и ЕУ дека евроинтеграцијата не смее да биде слепа улица за Македонија. Во Уставот има место за сите малцинства, кои ќе бидат наведени по македонскиот државотворен народ, кога ќе биде обезбедено и загарантирано нашето место во ЕУ како полноправна членка, а не како придружен или некаков парцијален дел.
– Да се започне со енергична и беспоштедна борба против корупцијата и криминалот, сега и веднаш.
– Целата енергија да се пренасочи на заздравување и раст на економијата, владеењето на правото и подобрување на животот на граѓаните.
Само така може да ја добиеме партијата и да ја зачуваме Македонија.

Претходна статијаМутирана колумна за секс и политика
Следна статијаНов светски рекорд за најбрзо искачување на сите 14 највисоки врва?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...