Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 28. КОЛО
Фудбалерите на Шкендија со нова победа овојпат на гостувањето кај Брегалница (0-1) и дефинитивно останаа единствените предизвикувачи на Струга ТЛ за титулата во Првата македонска фудбалска лига, откако актуелниот шампион Шкупи повторно не стигна до триумф откако ремизираше без голови (0-0) на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. Во борбата за избегнување на местото кое води во баражот за опстанок Скопје и Академија Пандев одиграа (1-1) во Автокоманда, со што Струмичани пред финишот на сезоната имаат предност пред ривалот. Работнички славеше над „фенерџијата“ Победа, додека Силекс им се врати на победите откако беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 1-0.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Клинсман Цаке (Шкендија)
Шкендија станува сериозен ривал на Струга Трим и Лум за титулата во ПМФЛ. Тетовци по победата над Брегалница (0-1) се само на три бода негатива зад стружани. Херој за избраниците на Ќатип Османи беше Клинсман Цаке кој го постигна победничкиот погодок во 65. минута.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Шкендија)Брегалница важи за незгоден тим, екипа која може секого да победи, и се покажало дека знае да изненади и кога игра со водечките. Сепак, не беше така и во дуелот со Шкендија. Тетовци мотивирани влегоа во мечот, и го добија 0-1, што на крајот за момците на Ќатим Османи знаечеше само три негатива зад лидерот Струга ТЛ.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Клинсман Цаке (Шкендија)
Шкендија станува сериозен ривал на Струга Трим и Лум за титулата во ПМФЛ. Тетовци по победата над Брегалница (0-1), a голот беше дело на феноменалниот Клинсман Цаке.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ФОТО НА КОЛОТО: Срцето пумпа надеж за појак во наредна борба!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
window.fbAsyncInit = function() { FB.init({ appId : '1961822540773924', autoLogAppEvents : true, xfbml : true, version : 'v2.10' }); FB.AppEvents.logPageView(); FB.XFBML.parse(); };
(function(d, s, id){ var js, fjs = d.getElementsByTagName(s)[0]; if (d.getElementById(id)) {return;} js = d.createElement(s); js.id = id; js.src = "https://connect.facebook.net/mk_MK/sdk.js"; fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));