Симиќ: Ќе целиме на повторување на ланскиот успех, во Европа сакаме да стигнеме што подалеку!

Екипата на Тиквеш во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе влезе со поголеми амбиции од ланската сезона, во која клубот од Кавадарци во плеј-оф фазата ја освои 4. позиција и избори пласман на европска сцена.

Тиквеш во минатата сезона беше тврд ривал за сите екипи, особено на домашните дуели, па така кавадарчани на домашен терен против Алкалоид и Вардар одиграа нерешено, а истото беа на чекор да го направат и против Еурофарм Пелистер, но немаа среќа во последната минута.

Капитенот на Тиквеш, Страхиња Симиќ, во разговор за 24Ракомет ги сподели своите очекувања за новата сезона и истакна дека клубот ќе цели кон повторување на ланскиот успех, доколку се создаде шанса да се оди чекор подалеку, а на европска сцена клубот да се покаже во добро светло.

,,Од сезона во сезона тимот на Тиквеш оди во нагорна линија, тоа е добра работа и за клубот и за градот Кавадарци. Тоа што беше лани, останува во ланската сезона, остваривме неверојатен успех во голема конкуренција, која беше многу тешка за да избори тоа место во Европа. Сега целта е да се подигнеме на уште поголемо ниво, иако за ривали имаме квалитетни екипи, ќе биде навистина тешко да се повторни минатогодишниот успех, но ќе тежнееме кон тоа”, изјави Симиќ.

Српскиот интернационалец пред стартот на сезоната го продолжи договорот со Тиквеш и во Кавадарци ќе остане најмалку до 2026 година.

,,Се гледам и во иднина тука, среќен сум во Кавадарци и секако, моите партии се плод на тоа. Да не сум среќен тука, сигурно би се почувствувало тоа и би заминал. Секоја сезона во Тиквеш ми е нов предизвик, нова мотивација, се гледа дека градот живее за ракометот, салата „Јасмин“ е секогаш полна на натпреварите, направивме историски успех во минатата сезона, сега ќе играме и во Европа, не сакаме да играме само едно коло, посакуваме да стигнеме што подалеку, бидејќи овој клуб и град го заслужуваат тоа”, вели Симиќ.

Раководството на Тиквеш за новата сезона ангажираше неколку квалитетни домашни и странски ракометари. Во Тиквеш пристигнаа двајцата ракометари од Бутел Скопје, Мирко Мајиќ и Дејан Манасков, потоа екс младинскиот репрезентативец на Србија, Срѓан Мијатовиќ, довчерашниот голман на Црвена Ѕвезда, Јанко Гемаљевиќ и нигерскиот репрезентативец Ани Обина.

,,Искрено сум задоволен од новите играчи, за Мирко Мајиќ и Мартин Манасков не треба да се трошат зборови, тие се едни од најдобрите играчи на своите позиции во лигата, Јанко и Срѓан знаеме со какви квалитети располагаат, тука е и Обина, и мислам дека со една голема работа тоа ќе излезе добро. Тиквеш никогаш до сега немал ваков конкурентен тим”, додаде Симиќ.

Србинот за неколку дена ќе ја стартува четвртата сезона во македонската елита. Тој во Тиквеш мина низ различни тренерски филтери, сега работи под палката на Никола Матлиески.

,,Никола Матлиески бара една сериозност на тренинзите, доста се посветува на деталите, пример, каде ќе нападнеме, како да одиграме во одбраната…мислам дека овој клуб, сега со Матлиески, лани со Брестовац и со сите кои поминаа тука, го кренаа клубот на едно сериозно ниво за овој град во иднина да биде еден од постабилните ракометни центри во Македонија. Навивачката група Лозари за нас беа најголема мотививација и се виде дека кога тие се тука, никој не мина лесно во Кавадарци, тие ни даваат ветер во грб и се надевам дека ќе продолжат така. Ние гарантираме дека на секој меч ќе го дадеме нашиот максимум”, заврши Симиќ.

Ракометарите на Тиквеш во рамки од првото коло од Супер лигата пред својата публика ќе ги одмерат силите со Еурофарм Пелистер 2.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...