Спартак сериозно се засили – нови играчи, тренери и нов спонзор

Женскиот клуб Спартак направи голем чекор напред во обидот да биде фактор во домашното првенство, откако најави партнерство со нов спонзор, нови играчи и тренери. Сезонава тимот ќе има посилен играчки кадар откако повеќе девојки изразија желба да играт во Спартак и се појавија на првата прозивка на клубот.

Покрај играчите кои го засилија тимот, на клупата ќе биде и Силвана Карбеска која ќе работи заедно со Велимир Мицевски. Организациски клубот ќе биде посилен и со Марко Миркуловски, кој ќе се грижи за спортскиот дел во клубот.

Спартак е еден од помладите тимови во женската лига кој гравитира во Општина Кисела Вода. Амбициите на тимот в година е да бидат стабилен тим и пред се посакувана средина за младите играчи кои треба да добијат поголема минутажа и можност за напредување. Меѓу новите членови на Спартак се и младинската репрезентативка Ема Кирова, кадетската репрезентативка Анастасија Митрова, како и Марија Кочкова

Како поддршка за остварување на целта клубот доби и нов спонзор, „Универзитет Скопје“.

„Со голема чест и задоволство прифативме како „Универзитет Скопје“ да го поддржиме функционирањето на овој македонски ракометен клуб. Ние како општествено одговорна институција секогаш подаваме рака за развој на македонскиот спорт, особено вложуваме во здрави идни генерации на нашата татковина. Македонскиот ракомет и воопшто македонскиот спорт заслужува многу повеќе од моменталните состојби. Секоја нивна победа е и моја, но и на Универзитетот и на целиот македонски народ. Универзитет Скопје продолжува да вложува во иднината на оваа држава во рамките на своите можности, изјави проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитет Скопје

Од клубот најавуваат дека во следниот период ќе потврдат и неколку нови млади и надежни ракометарки кои ќе го засилат клубот за следната сезона. Со тоа ќе почне остварување на целите на клубот.

“Како клуб ни е драго што институција како „Универзитет Скопје“ го препозна она што го правиме и што ке имаме можност заедно да градиме здраво општество кое ќе се заснова на образование и спорт. Нашата екипа во иднина во своето име ќе го додаде и името на „Универзитет Скопје“ И верувам дека заедно од година во година ке бидеме се поуспешни, изјави Сашо Василевски, претседателот на РК Спартак.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Кил ги освои бодовите на незгодното гостување кај ПИК Сегед

Екипата на Кил на гостувањето во Унгарија кај...