Старт со пораз на кадетките на ЕП

Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби на стартот на Европското првенство во Црна Гора од селекцијата на Романија со 40-27.

Почетокот беше ветувачки, нашите ракометарки одржуваа резултатска рамнотежа во првите десетина минути, но потоа влегоа во серија грешки и до крајот на полувремето Романките стигнаа до плус осум, 23-15.

Вториот дел беше само формално одработување на задачата од ривалот, а во македонскиот состав селекторот Кристијан Грчевски им даде шанси на повеќето ракометарки.

Најдобри стрелци во селекцијата на Македонија беа Ива Младеновска со десет гола и Анастасија Трпеска со седум. Следен меч за Македонија следува утре од 13:30 часот против Унгарија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Голужа фаворит за нов селектор на Црна Гора, во игра сѐ и Кастратовиќ, Ѓурковиќ…

Ракометната федерација на Црна Гора е во потрага...

Russia’s New Defense Minister Faces Thankless Economic Task

Andrei Belousov’s sudden elevation to defense minister has thrust...