Стојановиќ смета на 18 ракометари за „Трофеј Карпати“, младинците ги очекуваат три контроли

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на ракометари за претстојниот настап на „Трофеј Карпати“.

Стојановиќ смета на 18 ракометари за овој турнир и трите пријателски натпревари против домаќинот Романија, Саудиска Арабија и Словачка. На списокот нема изненадувања и главно тоа се имиња на кои Стојановиќ сметаше и за претходните акции.

Камбек во националниот состав има за десниот бек Христијан Стаменковиќ, кој не играше на кадетското СП, а прв повик има за Никола Ристески од Охрид.

Оваа акција ќе ја пропуштат повредените крила – Дамјан Субашевски и Александар Петковски.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Европското првенство за младинци во Словенија следното лето.Собирот на младинците ќе биде на 13 декември во 22:30 часот, а за Романија се тргнува веднаш потоа.

„Трофеј Карпати“ ќе се одржи од 15 до 17 декмеври.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...