Стоп за увозен авто-отпад во Македонија

Колумна на Пеце Лозанов:

Освен нашата, денес секоја држава вложува во електричните автомобили и чиста енергија, преку субвенции и привилегии, само кај нас се уште останува табу тема, кој никој не го знае одговорот, а сите се прашуваме! Чистата околина како број еден аргумент во секое поле распостранет преку реални проекти, а не со најлончиња без рачки. Затоа што светот не се менува, тој е веќе променет.

Зошто нашата држава не води сметка за увозот на половни возила? Можеби за да расте бројот на автомобили, а со тоа и трошоците на граѓаните и потрошувачката на горивата. Тоа генерира десетици милиони евра месечно на државно конто преку акциза на горивата, или огромните царински давачки при увозот? Или, сепак, можеби треба да се подзамислиме и запрашаме што ќе им оставиме на идните генерации, ако не друго барем воздухот да го зачуваме. Просечно се увезуваат 30 илјади возила годишно. Ставете цена од две илјади евра по возило и вкупната бројка доаѓа 60 милиони евра излеани пари, макотрпно спечалени од македонските граѓани кон дилерските авто плацеви ширум Европа.

Високите царински цени наметнаа темпо на нереални цени на македонскиот автомобилски пазар. Кога пребарувам на веб страниците за автомобили нивните цени секојдневно толку драстично растат што веќе ќе почне да се бара станбени кредити за еден увезен автомобил, хаварисан, кој во Европа не поминува ниту на обичен сервис и на сопствениците им се забранува да се возат со тие автомобили. Мали промени се потребни за да се увезуваат почисти и поеколошки возила достапни за граѓаните, кога веќе ги празниме европските “ниви“ со автомобили, оградени како кокошарницитаканаречени автоотпади наменети за уништување на истрошени возила, а кои не може да ги поминуваат европските стандарди на издувни гасови. Бизнис интересите се обострани – нашите земаат возила со максимална добивка, додека европските дилери се ослободуваат од автомобилскиот отпад.

Принципот купи евтино – продади скапо, никогаш не важел повеќе отколку при увозот на стари автомобили во Македонија. Зошто не се воведи задолжително “читање“ на реалните поминати километри? Скоро да не постои автомобил со помалку од двеста илјади поминати километри кој, всушност, е увезен од Германија каде германецот патува и по стотици километри дневно да пристигне на работа. А петнаесет години стар автомобил не очекувај под пола милионче километри изминати, реално!

Не ми е јасно зошто воопшто плаќаат царински давачки дури и хибрид и електричните возила? Нели сакаме чиста околина!

Она што им преостанува на македонските власти е да ги стимулираат граѓаните да користат алтернативен транспорт и да купуваат нови возила, првенствено електрични и хибрид погон преку нови проекти на државно ниво. Ако и тоа не знаеме да го направиме најдобро да ги испратиме оние “препишувачите“ што беа на последните столчиња, бидејки само такви се вработуваат по државни институции, тие најдобро знаат да препишат Закон од некоја странска држава.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

За фараните нема чартер лет – ќе патуваат цел ден до Скопје

Експедицијата на Фарски Острови вечерва треба да пристигне...

Несудениот вардарец се враќа во Русија

Кружниот напаѓач Павел Андреев, на лето ќе си...

Келце очајно трага по десен бек – по Македа и Степанчиќ, во комбинација влезе уште еден

По повредата на Доминик Мате, полскиот шампион Келце...

Николовски и Начевски со задачи во баражот за СП 2025

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...