СТРУГА 2023: Денеска стартува 51. издание на реномираниот турнир, шест екипи во трка за трофеj

Од денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга почнува 51. издание на Струшкиот турнир.

На традиционалниот турнир покрај езерото, освен домашната екипа (Струга) ќе настапат уште Вардар и Алкалоид од Македонија, како и трите учесници од странство – АЕК Атина, Динамо Панчево и Ескилстуна Гуиф.

Освен на завршниот ден, во кој ќе бидат одиграни три дуели за пласман, денес, четврток и петок, на програмата ќе има по два дуели и секоја екипа ќе има можност да одмара еден ден од 4-те натпреварувачки.

Програмата ја отвораат составите на Струга и Вардар (18:30 часот), потоа по одиграниот прв дуел е закажано свеченото отворање, додека во терминот од 20:40 часот ќе играат македонскиот вицепрвак Алкалоид и Динамо Панчево.

Во ланското, јубилејно 50. издание, трофејот во Струга го освои Еурофарм Пелистер, втор беше Целје, третото место им припадна на ракометарите на Татран Прешов, на 4. позиција заврши Вардар…

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

СТРУГА 2023: Грците најавија – доаѓаме по нов трофеј!

СТРУГА 2023: Лазаров – Струшкиот турнир е заштитен знак за ракометот, Ѓоргиев – ќе имаме голем предизвик

 

СТРУГА 2023: Динамо Панчево верува во добар настап – противниците се силни, турнир ќе биде изедначен!

 

СТРУГА 2023: Од Вардар најавуваат – секогаш целиме на трофеи, така ќе биде и годинава!

СТРУГА 2023: Танески – „пораснав“ на отвореното игралиште, Мојсоски – настапот на турнирот е уникатно искуство

СТРУГА 2023: Од Гуиф најавуваат – и ние ќе се бориме за трофејот, меѓу фаворитите се Вардар и АЕК

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...