СТРУГА 2023: Од Вардар најавуваат – секогаш целиме на трофеи, така ќе биде и годинава!

Од 16 до 19 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 51.издание на традиционалниот Струшки турнир. Покрај домаќинот, од Македонија ќе учествуваат екипите на Вардар и Алкалоид, додека од странство доаѓаат грчкиот АЕК Атина, шведскиот Ескилстуна Гуиф и српскиот Динамо Панчево. Со серија текстови, 24Ракомет ќе Ви ги претстви сите учесници на 51. издание на Струшкиот турнир.

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој заедно со Еурофарм Пелистер имаат освоено по 13 титули покрај езерото.

Со многу промени во споредбата од минатата сезона, вардарци ќе се обидат да се претстават во добро светло, но и доколку му се укаже шанса, да ја зголемат колекцијата на трофеи од традиционалниот турнир.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски, кој на Струшкиот турнир има настапувано и како играч и како тренер, ги сподели своите очекувања за годинешниот настап во Струга.

,,На турнирот во Струга пред и сѐ сакам да видам како ќе функционира екипата, затоа што имаме доста нови играчи кои треба да се вклопат во нашиот систем. Во краток период нѐ очекуваат важни натпревари во Лигата на Европа и во Македонија. Верувам дека во Струга ќе ги имаме на располагање сите играчи. На овој турнир имам настапувано и како играч и како тренер. Ја знам големината на овој интернационален турнир на кој секогаш настапуваат големи екипи и играчи и се надевам дека така ќе остане и во иднина”, изјави Недановски.

И покрај големата конкуренција, тимот на Вардар атакува на трофеј покрај езерото.

,,Во оваа фаза од сезоната сите тимови имаат промени во ростерот и се воигруваат. Очекувам голема посветеност и борбеност од нашите ривали и верувам дека натпреварите ќе биде интересни за следење. Ни сме Вардар и секогаш атакуваме на трофеј во секое натпреварување од кое сме дел, па и покрај сериозната конкуренција на овој турнир сакам да размислувам дека трофејот ќе ни припадне нам”, додаде Недановски.

Старатегот на „црвено-црните“ е оптимист за новата сезона, во која неговиот тим ќе посакува враќање на дуплата круна, но и добар настап во Европа.

,,Нашите цели се пред и сѐ дупла круна во Македонија, како и атак на трофејот во Суперкупот и одличен настап во Европа. Иако можеби нѐ сметаат за аутсајдери во дуелот со Рајн Некар Левен ние ќе ја бараме својата шанса и веруваме дека и во Лигата на Европа ќе стигнеме што подалеку. За СЕХА лигата плановите ќе ги правиме откако ќе имаме повеќе информации, но секако дека и таму ќе целиме на трофејот по шести пат”, заврши Недановски.

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски, се надева на добро издание и успешен настап.

,,Затоа што е почеток на сезоната најпрво сакаме да видиме до каде сме со воигрувањето, а секако очекувам максимално вложување од целата екипа и успешен настап. Ако сѐ остане според планот ќе бидеме комплетни на овој турнир. Имам настапувано повеќе пати, но прв пат како капитен на екипа, што носи дополнителна одговорност, особено што се работи за РК Вардар. Турнирот секогаш е добро организиран и квалитетен и верувам дека така ќе биде и на ова издание”, изјави Георгиевски.

Искусниот ракометар истакна дека со неговите колеги ќе се борат да дојдат до титулата на Струшкиот турнир. Ривали на Вардар во групата се домашната екипа Струга и шведскиот претставник Гуиф.

,,Ривалите се силни и нѐ радува што ќе имаме ривал и од Македонија и од Европа, што ќе ни послужи како припрема за предизвиците кои ни претстојат овој период. Ние сме Вардар и нескромно ќе кажам дека на овој турнир размислуваме само на три победи и освојување на трофејот. Тој пристап мораме да го имаме на секој натпревар ако сакаме да ги исполниме зацртаните цели”, додаде Георгиевски.

За настапите на домашна и европска сцена, 36-годишниот ракометар ги сподели своите очекувања.

,,Нашите цели се двојна круна во Македонија, освојување на Суперкупот и настап во главната фаза во Лигата на Европа. За СЕХА лигата сите сме во исчекување за да можеме да правиме планови поврзани со неа. Но секако и таму атакуваме на трофејот и да останеме најтрофеен тим и во тоа натпреварување”, заврши Георгиевски.

СТРУГА 2023: Вардар – најтрофејниот македонски клуб ќе атакува на 14 трофеј покрај езерото

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...