Грујоска и Богојеска остануваат верни на Куманово

Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, кој започна со подготовките за новата сезона, задржа уште двајца играчи од минатогодишниот состав.

Во тимот на Славиша Димитријески останува голманката Симона Грујоска и левиот бек Сара Богојеска.

Двете ракометарки во составот на Куманово пристигнаа во ланската сезона и ги оправдаа очекувањата на раководството на клубот.

Нови засилувања во тимот се Адела Еленин, Нена Нестороска и Јана Ѓошевска. Куманово претходно ја продолжи соработката со Сузана Зечевиќ и искусната Габриела Величковска.

Ракометарките на Куманово минатата сезона завршија на второто место во Женската лига и стигнаа до титулата во Купот на Македонија.

Покрај настапот на домашна сцена, тимот на Куманово ќе биде активен и на меѓународна сцена со настапот во Европскиот Куп.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за вторник, 26-ти септември 2023-та

ОВЕНОвој ден ќе биде полн со предизвици за Овните....

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...

24 СЕДМЕРЕЦ: Модифицирано | 24 РАКОМЕТ

Ваучерот од 2024 ќе го нема...