СТРУГА 2023: Алкалоид – Тимот предводен од Кире Лазаров од Струга ќе фаќа залет за Европа

Од 16 до 19 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 51.издание на традиционалниот Струшки турнир. Покрај домаќинот, од Македонија ќе учествуваат екипите на Вардар и Алкалоид, додека од странство доаѓаат грчкиот АЕК Атина, шведскиот Ескилстуна Гуиф и српскиот Динамо Панчево. Со серија текстови, 24Ракомет ќе Ви ги претстви сите учесници на 51. издание на Струшкиот турнир.

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува и македонскиот вицепрвак Алкалоид, кој во минатата сезона дебитираше и на турнирот во Струга, но и во македонската елита.

Тимот предводен од легендата на македонскиот ракомет, Кирил Лазаров, во минатата сезона како дебитант во најквалитетното натпреварување во Македонија заврши на второто место и избори директно учество во групната фаза во Лига на Европа.

Алкалоид на ланското издание на традиционалниот турнир во Струга заврши на 6. позиција, откако беше поразен од АЕК Атина во дуелот за петто место.

Сега двете екипи повторно ќе се сретнат во Струга, но тоа ќе биде на почетокот на турнирот, односно во натпреварите од групите.

Ростерот на Алкалоид главно е составен од сениорски, младински и кадетски репрезентативци на Македонија. Во тимот на Лазаров пристигна француското лево крило Арно Бинго и кубанскиот голман Алехандро Ромеро.

Освен двајцата интернационалци, Алкалид ги ангажираште уште Мартин Велковски од Еурофарм Пелистер и Стефан Стојчевиќ од Бутел Скопје.

Токму настапот во Струга ќе биде вистински тест за избраниците на Кире Лазаров пред дуелите во Европа.

клучни играчи: Игор Ѓорѓиев, Арно Бинго, Мартин Серафимов

натпревари на Алкалоид на турнирот во Струга

Динамо Панчево (16 август)

АЕК Атина (18 август)

за пласман (19 август)

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...